РЕШЕНИЕ?

Day 1,182, 16:20 Published in North Macedonia North Macedonia by Risto Van Kenobi





Почитувани еСограѓани, добровечер. Во изминатиов период се изначитавме на статии од „експерти“ по економија. Сите имаат желба да ја оправат економијата на еМакедонија. Желбата е тука, но резултатот не.

И сеа сите се прашуваме зошто е така? Зошто сите пекари сакаат повисока цена на лебот а самите си ја намалуваат? Зошто сите производители на жито сакаат повисока цена на житото, а сите го намалуваат? Истото се случува и со фирмите кои се занимаваат и со други дејности. Зошто?




Прво сакам да разјасниме кој е главниот виновник за економската криза која се чувствува насекаде во еСветот. Кризите во економијата најчесто не настануваат спонтано, ами како последица на директно вилјание на некој ентитет врз истата. Во нашиот случај толкаво влијание имаат единствено,-администраторите на еРепублик. Водени од личниот интерес за што поголема финансискиска добивка, не во GOLD и еПари, туку во вистински реални валути, тие пронајдоа начин како да го соберат златото (единствениот продукт во еРепублик што има своја цена и во реалниот живот) од играчите за да можат да го зголемат приходот од играта. Без сомнение, тие вештачки го СОЗДАДОА овој проблем.
За да добиеме подобра слика од целава збрка, ќе се вратиме на почетокот.




Новиот економски модул во еРепублик им отвори шанса на сите играчи кои имаа 10 GOLD да си отворат фирми. Е сега јас ќе си го КАЖАМ своето мислење. Според мене, тоа што сме си напатено Македонче, голо и босо, придонесе сите да посакаме да бидеме газди, макар и на онлајн игра, во некој еСвет кој се вика еРепублик. Шансата не ја пропуштија ни поновите играчи. Сите кои имаа доволно GOLD, си станаа сопственици на фирми.




На прв поглед се изгледаше идилично. Сите си иаме фирми, ќе си најдеме работници и ќе си уживкаме. Се ширеа муабети за тоа како „бебињата“ најмногу ќе профитираат од новите правила. Па каде тогаш ние го ПРОНАЈДОВМЕ проблемот? Никој не запре да се запраша што ќе правиме со толкавото масовно производство? Кој ќе ги купува сите тие производи? Не ми е намерата со прст да покажувам кон никој, но не можам а да не се запрашам, каде беше раководството на еМакедонија да излезе и да превземе некакви мерки да се заштити економијата? Епилогот на настаните не беше тежок за предвидување. Напротив, ваквиот развој на настаните представува сосема нормален тек на работите.




Решение? Не сум сигурен дека има некое идеално РЕШЕНИЕ. Некои од произведителите преку своите весници пропагираат дека треба да се држат заедно, и да не ја спуштаат цената на производите. Можеби тоа изгледа како идеално решение, но верувајте ми не е. На подолги стази, нема да донесе резултат.




Сега сме таму каде што сме. Враќање нема. Единствениот совет што можам да им го дадам на сите новопечени газди, е да се обидат да сеЗАШТИТАТ. Нашата економија нема да може да издржи волкаво производство и дел од фирмите ќе банкротираат. Ќе издржат само поспремните, постарите и побогатите играчи. За да се спасите од ваква судбина, ви предлагам да се организирате. Обратете се за помош до вашите виртуелни пријатели. Замолете ги да ви работат за пониски плати додека трае кризата, за да не работите со загуба, па во подобрите времиња ќе им се оддолжите. Па можете дури и да се обидете да ги вклучите вашите пријатели кои сеуште не се запознаени со еРепублик да станат дел од играта. Во краен случај, доколку веќе гледате дека не можете да се справите со конкуренцијата, и дека не остварувате профит –продавајте!




За крај, не ни останува ништо друго освен да извлечеме поука. На грешките се учи. Па ова наше искуство ќе можеме да го УПОТРЕБИМЕ во иднина и повнимателно да им пристапуваме на промените на правилата на игра во еРепублик.


Искрено ваш, Ван Кеноби!

ПС: Не заборавајте sub. Не заради мене, не заради статијата, ами затоа што така и помагате на еМакедонија!