Решение за Економската Криза

Day 1,180, 12:05 Published in North Macedonia North Macedonia by Gjurakis

Веќе знаете дека сме во Економска Криза, а најверојатно и знаете дека економската криза е предизвикана од преголема понуда на пазарот. За ова веќе пишував во текстот што можете да го прочитате тука:
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1670306/1/20

За жал предвидувањата ми се остварија. Не се радувам премногу, но како и секогаш ќе се обидам да предложам решение, кое ако власта не е многу суетна може да го прифати.

Значи РЕШЕНИЕТО е да ја намалиме понудата на жито и леб на пазарот или да ја зголемиме побарувачката на истите артикли (или двете). Зголемување на побарувачката може да се оствари само со војна (што во моментов не е можно) или наше некакво ангажирање во туѓи војни. Затоа предлагам:

1. Изнајмување на некоја од нашите единици на наши сојузници, но под услов тие да го финансираат конзумирањето на леб од страна на членовите на единицата. Ако наша единица од 20 членови за потребите на битка за наш сојузник потроши: 20*150 лебови(300 сила) = 3000 лебови дневно ЗГОЛЕМЕНА ПОБАРУВАЧКА. Ако единицата/единиците се 40 членови = 6000 лебови. „Експедиционен Корпус“ од 80 војници би конзумирал респектибилни 12.000 лебови. Сојузниците би платиле со злато, кое после се разменува за денари со кои војската би купувала леб на слободен пазар.
Ова на некој начин е тенкирање само во помек облик.

2. Креирање на 20 до 30 државни компании за оружје. Во овие компании да се вработи еден дел од Македонското население кое би имало минимална плата, а кое би создало респектибилен арсенал кој во воено време би бил гаранција за нашата воена надмоќ. На овај начин би ОДСТРАНИЛЕ дел од Македонските работници од производството на жито и леб, а би создале огромни количини на оружје за ЗОРЗАМАН (мала шала)...

3. Создавање на државна компанија за болници и борбени системи кои исто така би вработиле работници кои сега се вработени во житни и пекарски компании. Со ова Македонија станува поотпорна кога сме нападнати, а дел од населението ке се ангажира во дејности надвор од бизнисот со леб и жито.

4. Бидеќи понудата на жито и леб е преголема, би било добро Државата да отвори неколку компании за леб, кои би откупувале големи количини на жито, но не би продавале леб. Тој леб нека биде резерва за во воени времиња. Да продаваат минимални количини кои би биле доволни за да се купи ново жито и мали средства за плата.

Сметам дека овие 4 мерки секоја посебно или заедно се добра основа за решавање на Економската криза во која сме во моментов. Не сум измислил топла вода, туку на овај начин (нарочито со ангажирање на работа во непрофитни дејности), САД се справи со големата депресија од 1929 година.
Причини за големата депресија:
http://americanhistory.about.com/od/greatdepression/tp/greatdepression.htm
Топ 10 проекти од таканаречениот NEW DEAL:
http://americanhistory.about.com/od/greatdepression/tp/new_deal_programs.htm

Значи да сумираме. Со добра организација можеме да ја пребродиме економската криза во рок од 72 часа. За повеќе информации или помош стоиме на располагање.


И аман веќе направете еден СУБ да го зеам то медалот и тоа 5те златници...
Ако сметате дека можеме заедно – гласајте за статијава да дојде во ТОП 5!