МАЛКУ ПОВЕЌЕ ЗА ЧЕТОТ

Day 1,178, 10:24 Published in North Macedonia North Macedonia by Patriot Chuni

После подолго време конечно се решив да напишам и јас нешто... 🙂

Во оваа колумна сакам да објаснам повеќе за четот... тоа е она место кое што всушност е 80% од играта, тоа е она што ја прави оваа игра повеќе интересна и забавна, а и секако стекнувате пријателства 😃

Една од моите предходни колумни беше за тоа како да стигнете до четот па ќе ја искористам за не го пишувам 2 пати истото: КЛИКНИ ТУКА

Откако ќе се поврзете на чет најпожелно е да си го регистрирате никот (во случај на злоупотреба од страна на други личности да зборуваат во ваше име), тоа можете да го направите со следната команда:

/ns REGISTER pass email

Пример:

/ns REGISTER 142587 patriot_chuni@gmail.com

Откако ќе го регистрирате никот на секое следно конектирање на четот ќе треба да ја пишувате следната команда:

/ns IDENTIFY pass

Пример:

/ns IDENTIFY 142587
(оваа команда работи само доколку го користите регистрираниот ник)*

Ете сте го регистрирале никот и по некое време пробувате да се логирате на чет и серверот ве информира дека вашиот регистриран ник се користи од страна на друга личност, во тој случај следната команда помага:

/ns ghost nick pass

Пример:

/ns ghost Patriot Chuni 142587

И секако една од покористените команди кој се користат за ник е командата за промена на никот:

/nick nick

пример:

/nick Patriot Chuni

Команда со која можете да пристапувате до други чет соби (канали) е командата:

/join #channel

Пример:

/join #eARM.public

Некои покористени соби на четот:

#eMKD – официјална чет соба на еМакедонија

#eARM.public - официјална чет соба на војската на еМакедонија

#chat.eMKD - помошна соба на официјалниот чет во случај кога на #eMKD е забрането(оневозможено) пишувањето

#kviz.eMKD - соба за проверка на вашето знаење (забава)

#Noviigraci - соба во која новите играчи добиваат помош и совети за играта

За да проверите дали некоја личност за која однапред знаете дека користи регистриран ник е таа личност можите да ја искористите командата:

/whois nick

Пример:

/whois Patriot_Chuni

Ќе ви се испишат неколку информации за корисникот на никот меѓу кои и:
Patriot_Chuni has identified for this nick
ова значи дека корисникот на никот е вистинскиот сопственик.

Ова се некои од командите кои сметам дека секој корисник на четот би требало да ги знае, но се разбира не се сите 🙂

Btw Немојте да се лажите дека лозинката која цело време ја пишев е всушност мојата лозинка, но сепак можете да пробате 😃