Лесно до ММ Медал

Day 1,178, 03:25 Published in North Macedonia North Macedonia by smeXsa
Добар ден драги еМакедонци и еМакедонки

Во овојо артикал на Macedonia live ќе наведеме неколку начини како да се стигне до ММ медалот (медиа могул).



1. Порано се одржуваа неколку Масивни ММ акции акции од страна на по искусните играчи во нашава држава, каде што можевте да го пријавете вашиот еВесник да учествува во таа акција каде што одренден ден масивно еГраѓаните на еМакедонија доделуваат претплати на сите тие еВесници што се пријавени. Во иднина има можно e да се одржи повторно ваква Масивна ММ акција па затоа очекувајте.


2. Можеби многу не го посетувате официјалниот форум на еМакедонија, но ако не сте знаеле досега да знаете дека и таму има одел за медиумите односно за еВесниците на еМакедонија каде може да го претставите вашиот весник, од каде може да добиете достоинствен број на претплати или се разбира доколку имате добро напишан артикал и голем број гласови. Затоа не се мислете одете уште денес регистрирајте го вашиот весник на форумот.


3. Како што знаете еРепублик е социјална игра каде секојдневно се комуницира и се воспоставуваат голем број на пријателства, па доколку сакате вашиот Глас (Shout) да биде слушнат и вашиот еВесник прочитан подобро почнете уште сега да давате покани за пријателства. Се чудите каде да најдете толку пријатели, па официјалната Чат (chat) соба секој ден има минимум од сто до сто и педесет онлајн играчи од еМакедонија каде можете слободно комуницирате помагате дури и Рекламирате. (само без Спамови) 😉

За да се најавите на Чатот во полето IRC ќе изберете: Rizon [webirc] ќе напишете Ник (име) во полето Nickname и во полето Channel: #eMKD


4. Е сега овој начин не сум го тестирал но мислам дека функционира, страната на кој повеќе од вас можеби веќе ви е позната по симлациите и калкулациите на компании, направена штета и слично има можност за купување гласови или претплати, овде може да погледнете доколку стварно итно ви требаат претплати па со фрлење на некоја сума злато ќе стигнете до ММ медалот.


5. Петтиот и најдобриот начин за освојување на ММ медалот е да посветите време на вашето пишвање, да го ставите срцето и умот во своите вредни прсти и да напишате прекрасна статија која ќе му го одзема здивот на секој читателите.
И не заборавајте на крајот од весникот да ги потсетите читателите да ви стават Претплата и Глас, и да се заблагодарите.

Ова беше се за денес и се надевам дека ова ќе ви овзможи лесен пат до посакуваниот Медиа Могул Медал и слатката награда од 5 златници.


Догледање Македонио и до следниот пат останете ми здрави и живи.

Ќе ве молам за глас и претплата...Ви благодарам од срце.





Изработил: smeXsa


Edit: [Алатка] Како да ја „украсите“ Вашата статија?

Vesnicite podolu vo komentarite ke bidat spomnati vo sledniot Artikal na Macedonia Live. Prodolzete da gi postirate i dokolku sakate Shautirajte go ovoj artikal.