Не е се' така црно во оваа верзија

Day 1,177, 06:53 Published in North Macedonia North Macedonia by Mano A

Во многу наврати беше пишувано за лошите страни на новата верзија на играта. Јас би сакал да ги наведам позитивните односно подобро речено - не толку негативните страни.


Ако претпоставиме дека од 13 и кусур илјади играчи, активни се околу 5000 и ако пола од активните играчи отворат по една фирма тогаш од Македонија ќе се одлеат 25000 злато.

Ако на ова додадеме дека според мене фирма би отвориле тие што немаат, а тие се просек 7мо ниво skill (expert) со продуктивност од 415, тогаш би се добило дека секоја фирма би произведувала вредност од 207х0.07=14.5 денари дневно, за трошок од 5 Q1 леба = 5х0.51 = 2.6 денари.

Од погоре наведеното произлегува дека:

- Секоја фирма би произведувала околу 12 денари дневно.

- Фирмата треба да работи 50 дена за да се исплати првичната инвестиција од 10 злато.

- Преведено во жито и леб: 2500 фирми во Македонија, дневно имаат потреба од 12500 Q1 леба, а би произведувале 500000 жито. Од ова жито, само за да се произведе потребниот леб за одржување на здравјето (кое се троши од работа како менаџер), се потребни 75000 жито.
Останува вишок на жито од 425000, односно 70833 леба

- Со отворањето на новите фирми, државата по основ на ДДВ би добивала дополнителни 375 денари дневно

- По основ на данок на приход од продадениот леб и жито државата дневно од овие фирми би добивала 828+682 = 1510 денари дневно

- Се убрзува напредокот во skill за 100%, па во догледно време би имале попродуктивни граѓани


После 50те дена работа на новоотворените фирми ќе се исплати инвестицијата, а државата ќе добие прилив на средства од 94000 денари, односно 1570 злато по денешен курс

Државата ќе добие и поразвиено население, население на кое ќе му биде поинтересна играта што пак ќе придонесе кон зголемување на број на играчи (или во најлош случај - одржување на бројот на играчи).

Играчите кои ќе отворат фирма и произведуваат (во просек) по 69 леба, ќе можат произведените лебови кои се вишок на пазарот да ги трошат борејќи се, и со тоа да ја намалат понудата, а воено побрзо да се развиваат.


Според мене не е се' така црно во оваа верзија на играта.