Анализа на ситуацијата во еМакедонија и по некој совет

Day 1,177, 02:24 Published in North Macedonia North Macedonia by Demigod_mk

Здраво Македонци

Во продолжението секој сектор на државата ќе биде разгледан посебно но во ниеден од деловите не обвинувам некого за ситуацијата затоа без тролања.


Економија:



Сите гледаме што се случува со економијата во државата.Ништо не може да се продаде,цените паѓаат,платите паѓаат, фирмите се затвараат,а на ММ воопшто никој повеќе не ни тргува .Не е прашање на недели или месеци кога економијата ќе пропадне комплетно туку на денови или саати еве зошто.

Сите сме запознаени со најновите а и некој од постарите промени кои админите ги воведоа во економскиот модул.Некој од вас кога ги видоа овие промени си помислиа дека се генијалци зошто им текнало нешто во следниов контекст “Ај сега ќе отворам 2 житари и 1 за леб и после јас ќе си работам во нив секој ден и ќе си се лечам 100+ велнес за без пари“ .Епа да знаете НЕ ВИ ТЕКНА САМО НА ВАС им текна скоро на сите.И поради тоа во моментов економијата се руши затоа што место да купувате на маркетпласе и да работите за плати вие пробувате да станете индустрии за себе.


Е сега иде најважното сите овие промени се направени со причина секој постар активен играч го знае тоа.Пред секоја поголема промена админите воведуваат нешто вакво што ја уништува економијата 100% (Работењето во свои фирми) ,потоа додаваат глупа опција со која ќе се извади најмногу голд за најкратко време од играта (10 голд фирма) и тогаш ја воведуваат големата промена и сите кои се подале на вториот дел ќе бидат уништени.И последниот дел кој се воведува негде 1-2 недели после ставањето на промените и кога доволно злато е извадено од играта а тоа е поправање на 1виот и 2риот дел или барем ублажување на ефектите.

Еве само една од причините поради која вашето купување на компании за граин и храна ќе ве чини многу злато:

За 1 недела кога економијата ќе биде комплетно уништена админите ќе го воведат економскиот модул.Во тој модул ќе бидат воведени и новите ресурси а ќе можат да се користат и другите ресурси освен Жито,Железо и Оил.На кратко ќе се добие пристап до индустрии и ресурси за кои Македонија ќе има 25% бонус додека 90% од сите вас го потрошиле голдот на купување на фирми за ресурси и индустрии кои Македонија ги нема.


Војска:



Ниту сме имале ниту пак имаме али ние сме само пред сите со идеите.На нас не ни се потребни 100-200 луѓе кои секој ден че доаѓаат на чат и ќе чекаат до 1 минута пред крајот за да удрат за да тепаат битка.На нас ни треба еден ваков




Rl богаташ на кого секој пат кога ќе му навират патриотски чувства ќе направи едно 9-10 милиони инфлуенце ќе ја победиме битката а ние за целото тоа време ќе седиме и ќе ја гледаме битката како да е на телевизија.

Многу од вас ќе плукаат за овој дел посебно паравојските.Но треба да се разбере нешто во овој воен модул никогаш нема да можеме да ги стигнеме другите.

~Во В1 бројките можеа да победат сила зошто имаше ограничен број на тепања по ден.Али никогаш не можеа да се стигнат постарите играчи во СТР.Буквално немаше начин.

~Во В2 активност и бројки беа единствениот начин да се тепа битка.Силата не значеше ништо.За тоа и сите “стари играчи“ се утепаа од плачење зошто повеќе не можеа да живеат од државната сметка како пијавици.

~Во В3 повторно не може да се стигнат постарите како во В1 само со исклучокот дека ако имаш РЛ пари,Ја крадеш државата користиш мултија или си Романец трипати побрзо од другите се јачаш.

Сите други сме занемарливи и ако мислите дека сте допринеле со 3000 инфлуенце во битка каде милиони се прават секој 10 мин тогаш сте во длабоки заблуди.




Политика:

Тука немам намера нешто многу да пишувам сите ставови со неколку слики планирам да ги објаснам.





Додека голем дел од вас сте дошле за ова



Ова се случува во позадина



За да се дојде до ова:



И за ова ќе се плука доста али сите треба да си знаат.

Заклучок:

1.Економијата е во рецесија
2.Војската е беда
3.Политиката е кур*а

И тука се поставува прашањето зошто да се игра воопшто играва?

заради ова



Тука конечно можете да ги видите “Големите политичари“,“Војсководците“ и “Бизнисмените“.Најчест заклучок барем според мене е дека најнеуспешните во играва гледано според колку им е силен профилот каде се политчки и колку фирми имаат се најпоштените луѓе во РЛ.

Еве сега повторно се стоплува и би можеле за некоја недела повторно да се собереме.


Ако може дајте некој шаут зошто ја пишував доста време статијава.