Програма за Ревитализација на МзЗ и МзЕ

Day 1,176, 16:36 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Zdravstvo


Министерството за здравство на РМ во соработка со Министерството за економија донесoa одлука за помош на играчите со многу ниско здравје, истото да го подигнат на повисоко ниво. Помошта ќе им биде укажана на сите играчи кои задоволуваат следните услови:

• државјанин на Р.еМакедонија,
• нивото на здравје е под 30Health
• се пријавиле на формуларот за помош издаден од МзЗ
• се пријавиле преку порака во „Црвен Крст“
• да не се во можност самостојно да си го повратат здравјето

Играчите кои ги задоволиле горенаведените услови, ќе добијат доволно храна за да си го повратат здравјето на 100 Health и истовремено ќе бидат вработени во државни фирми, во кои ќе работат 3 дена со минимална плата (секојдневно ќе треба да работат со 100 Health) и со тоа на некој начин ќе му се оддолжат на Министерството. После тие 3 дена, играчите ќе добијат отказ со цел да им се ослободи место на следните играчи со истиот проблем.
После оваа акција, овие играчи ќе имаат полно здравје, и ќе можат да се вработат во други фирми, и се разбира понатаму да работат исто така со полно здравје, со што самите тие, а и целата еДржава ќе биде во корист и ќе напредува, а и во голема мера ќе помогнат во собирањето на средства во државните резерви кои ни се основно помагало во време на војна.


Министерството за Здравство на Р. Македонија
•Minister Dance Kovacevska
•Zamenik minister Aminta Makedonecot
•Sovetnik vo ministerstvoto Kris.S
•Pomosnici Alexander III Macedonian, Ilija 93 и Felllix