Една идеја и предлог.

Day 1,175, 10:15 Published in North Macedonia North Macedonia by lazarosaMKD

Имам една идеја и предлог до Министерство за Одбрана пред се` а понатаму и до министерствата и претседателот на Македонија.
На тоа ме поттикнаа неколку разменети пораки со еден еТурчин кој што живее во еМакедонија моментално. Типот направил google translate на еден од артиклите на Струмјанин и се интересираше дали да се бори во битката за Софија или да не се бори и дали ќе има мир со Бугарија.
Направив едно мало истражување и видов дека моментално во првите 100 жители според искуствени поени едно 30-40 души се странци од кои 90% се Турци. Во првите 500 жители околу 100 души не се РЛ Македонци а мнозинството од нив се Турци. Турција на жалост моментално е окупирана и многумина одлучија да се преселат кај нас.
Понатаму не продолжив но претпоставувам процентот не се менува за многу.

Затоа дојдов на идеја за почеток наредбите на Министерство за Одбрана да се објавуваат на Македонски и Англиски јазик како што е и практика во останатите појаки држави.
Исто така познавам најмалку двајца играчи од РЛ Македонија кои по националност се Турци и кои одлично ги познаваат двата јазици па би ги замолил кога ќе видат нов артикал на Министерство за Одбрана во коментарите да остават превод на Турски јазик за да Турците во еМакедонија бидат информирани што и како.
Еве во денешниов случај на пример да не се трошат многу и дека војната со Бугарија има мал приоритет и дека наскоро ќе биде прекината т.е ќе има (привремен) мир.

Сега мало запознавање на играчите од Македонија дека кога немавме држава во еден период во Турција имаше околу 50-100 Македонци и Турците направија еден убав гест и во весникот на Турското министерство за одбрана наредбите беа преведувани и на Македонски јазик.

Како играч кој што знае дека е досадно да не ги разбираш весниците на државата во која што живееш а и за да направиме да останат што е можно повеќе затоа што тоа е добро за нас и од економски (повеќето се со 10 или 11 економска вештина) и од воен аспект (пример во моментов жители на Македонија се Голдфингер, Текник562 итн., во првите 10 души по иск. поени 8 се Турци а еден е Унгарец)
затоа не е лошо пример некој од етничкиве турци играчи од РЛ Македонија да биде задолжен да речеме еднаш на 2-3 дена да издава по еден артикал со новости од Македонија или пак да прави интервјуа со нив на еден начин да ги анимираме и информираме.
Информирањето би било двострано и тие за новостите од Македонија и ние за новостите од Турција и во кој правец оди таа и со кои проблеми и тешкотии се соочуваат во моментов.
Апел и до претседателот а и до новинарите со повеќе претплатници и кои редовно стигнуваат во ТОП 5 а кои добро го владеат англискиот јазик, можете да ставате кратки преводи или за што се работи во текстот или пак некои текстови да ги намените специјално за нашите сограѓани кои не го владеат македонскиот јазик.


Најдобриот дел од артиклите кој сите го разбираат и не треба превод 😃



EDIT: Браво за Министерство за Одбрана за ажурноста и за брзата реакција.
Најновата наредба што беше е веќе едитирана и преведена и на Англиски јазик.
http://www.erepublik.com/en/article/-1175-mod-orders-for-day-1175-1668507/1/20