[ Претседател на еМакедонија ] МИР

Day 1,174, 13:43 Published in North Macedonia North Macedonia by Strumjanin

Почитувани,



За 24 часа – ја пишувам третата статија.


Третава е особено значајна и најавува добар период за еМакедонија.


Да почнам со ред:


Закон за природен непријател еСрбија


Законот е предложен ПРЕД официјалните преговори со Бугарија. Во тој момент, целта беше да ја отстапиме Источна Македонија на Србија и така да заврши војната со Бугарија. Но, тоа решение имаше два проблеми: прво, територијална нецеловитост на еМакедонија и второ, тоа НЕ Е решение за односите со Бугарија ( можеше да испадне – џаба сте кречили 🙂 ).


Мир со еБугарија


Денес преговаравме со Подкрепа – новиот претседател на еБугарија. Заеднички интерес е војната да престане. Тие веќе пуштија Закон за одбирање нов природен напријател и тој закон е успешно усвоен. Додатно, Подкрепа објави статија во која и тој го потврдува истото – гарантиран мир за еден месец.

НАГЛАСУВАМ: УТРЕ ИМАМЕ АВТОМАТСКИ НАПАД НА СОФИЈА – БОРЕТЕ СЕ МИНИМАЛНО , КОЛКУ УШТЕ УТРЕ ДА ЗЕМЕТЕ ПОЕНИ ОД ПРИРОДЕН НЕПРИЈАТЕЛ, ОТИ ЌЕ ГО НЕМАМЕ НАЈМАЛКУ ЕДЕН МЕСЕЦ ! 🙂


Македонци, пред нас стои просперитетен месец. Веќе сте сведоци на новите активности на Владата. Ние сега добивме време да се посветиме на економијата и градење Армија. Да го искористиме овој период паметно!


Морам да се заблагодарам јавно за ангажманот на Демигод _мк бидејќи навистина ми помогна денес во преговорите. Мирот, колку е моја – толку е и негова заслуга. Затоа сум му благодарен.


Македонци – Ви ја честитам ослободена, мирна и просперитетна еМакедонија !


ПС. Ќе Ве известев и порано, но патував (Лондон-Бирмингем).

ППС. Ова стварно ми е последен пат да Ви се обратам од личниот весник ! 😉