Внимание: Нов перфиден начин на крадење на злато

Day 1,173, 14:21 Published in North Macedonia North Macedonia by AnaTheQueen

Неодамна забележав дека многу играчи во различни земји (па вклучително и во Македонија) продаваат по неколку компании дневно и тоа по цена од 19,99 gold. Овие играчи ги основале овие компании со 20 злато и уште истиот ден ги продаваат на пазарот за 19,99 или тука некаде.

На почетокот не можев да разберам зошто тие тоа го прават се додека не ја купив мојата прва компанија, по што целосно ми стана јасно за каква измама се работи, а еден пријател од Србија дополнително само ми ги потврди сомнежите бидејќи овој феномен кај нив е многу распространет.

Имено овие играчи основаат по 20 и повеќе нови компании на ден, работат во секоја една од нив како менаџери, а потоа истите ги продаваат назад по цена од околу 19,99 gold.

Новиот сопственик кој истиот ден ќе купи некоја од овие компании, нема да може веднаш и да работи во истата како менаџер и со тоа тој всушност губи пари, како и можност за добивање искуствени поени и поени за работна вештина. Најдобро е во ваква ситуација играчот да си основа своја компанија во која би можел веднаш и да сработи.

Значи ако сакате да имате своја компанија, не купувајте од овие играчи кои демек ги продаваат своите поволно за нешто под 20 gold, освен ако компаниите не ги продаваат со голем попуст (максимум до цена од 19 Gold).

Секако дека постојат и исклучоци, односно некои компании се продаваат на тој начин но со стока на залиха или со купени лиценци, но и двете работи лесно може да се проверат пред да се купи компанијата, така да не наседнувајте во иднина на овие трикови.