Влада на еРМ

Day 1,172, 11:14 Published in North Macedonia North Macedonia by brsja4e

Го читав составот на владата која нашиот ваљда следен претседател ќе ја формира. 90% од членовите на владата (министри и заменици) се досегашни членови на владата, од додавањето на нашата еДржава тука. Претседателот ја одбира владата, тоа е негово право, а воедно и обврска. Тој треба да кажи кој и што ќе биде. За првиот мандат е сосема нормално да влезат првите македонски играчи, кои се воедно најискусни. За вториот да речиме дека се очекуваше. Ама сега мислам дека е крајно време да се смени таа гарнитура. На играва можиш да имаш еден од трите статуси: 2 минутен играч, 2 часовен играч, 24 часовен играч. Здрави 70% од населението се 2 минутни играчи, 25% се 2 часовни играчи. 5% се тие 24 часовните играчи, првите еМакедонци, најискусните кои ја водат државата. Како би се поттикнало населението да продолжи да игра кога само 2 минути е во играта и мислат дека на тоа и ќе останат. Кога тогаш ќе им се здосади. Дајте малце надеж дека секој еден може да стигни до конгресмен, премиер, претседател на држава еден ден. Веќе 5 месеци истите, па истите луѓе ја водат државата. Не велам дека не треба тие да ја водат, ама дајте им можност на другите, за кои не знаете какви знаења и познавања имаат, и ги носат од РЖ. Се гледа дека досегашната влада е ефикасна, не сосема но е добра, да не речам солидна. Сите министри си ја знаат работата, знаат што треба да прават. И кога ќе се кандидираат пак, нормално е да бидат избрани наново. Што можам ете лично јас да направам? Да речиме дека имам секакви познавања од многу области, и можам на многу начини да помогнам на државата. Се кандидирам, и најнормално, мојата кандидатура не е регистрирана (барем јас таков впечаток добивам). Значи за секојдневните обврски на еден министер или премиер можи да парира секој, и да биде избран секој, и мислам дека тоа би било добро. Нормално дека ако дојде до некоја вонредна состојба може да се побара совет од тие поискусните. Можи од 100 души шо сакаат да бидат во конгресот 90 сакаат само за медалот и за златото, но тие другите 10 умираат од желба да носат битни одлуки бидејќи врти-сучи тешко некој од играчиве да биде претседател на нашата држава во РЖ (да дај Господ да биде некој). Поентата ми беше, дајте да се внеси свежа крв во владата. Дајте изберете нови луѓе за тие ,,битни‘‘ фотељи, дајте некоја промена, исти па исти конгресмени се избираат, исти па исти министри, ни живот ни зависи од играва ништо битно. Добро е што струмјанин ќе ги направи тие совети и ќе можат и другите играчи да влезат некако во владата и да имаат удел кон одлуките. Можи многу работи да се научат од таквиот однос кон играта и играчите, работи кои стварно ќе им служат на луѓето во РЖ. Да не дојде ситуацијата како што е навистина, да се влегува таму само со пријатели или да не речам партиски 🙂 Искрено со голем ќеиф и радост ја прифатив МНФ и да им упатам искрени желби за успех во играва, бидејќи со еднопартиски систем, и држава без опозиција можеме само да стигнеме до диктатура. Се надевам дека мојот артикл ќе допре до тие горе надлежните и ќе смени некое мислење. Поттикнат сум од сопствениот случај и еГраѓански статус да го напишам артиклов.
Опростете за евентуални граматички и грешки во пишувањето, битолчанец сум и затО имам збороЈ така напишани 🙂

Бидете ми здрави и живи, и бидете горди што сте Македонци.
Само храбро и заедно ќе успејме!
Да живее (е)Македонија, Да живеат (е)Македонците