Рушење на цените, рушење на економијата.

Day 1,171, 00:11 Published in North Macedonia North Macedonia by Berezitski

Отворив фабрика за оружје пред некое време и кога дојде време да се продава оружјето забележав дека конкуренцијата ја руши цената и се доаѓа до еден момент каде што не се исплати да се продава оружјето, туку се оди во загуба.

Е сега постојат мерки против ова, како на пример намалување на платите на вработените, но јас сум против таа мерка од неколку причини, а најважната е што силна држава чинат силни поединци. Ако ги намалиме платите, ние место да им помагаме на новите да зајакнат, ние ќе ги користиме како ефтина работна рака.

Јас незнам колку може владата да интервенира во врска со ова прашање, но најдобра реакција би било најмала гарантирана цена, под која не би се одело. Само незнам колку erepublic би подржала таков чекор од технички аспект. На крајот на краиштата можеме и да побараме од нив таква можност.

Се надевам дека ќе се отвори дискусија по ова прашање.

Поздрав