Мисиите во еРепублик

Day 1,170, 11:49 Published in North Macedonia North Macedonia by AnaTheQueen

Здраво еМакедонци и еМакедонки,

Иако сум релативно нов играч, играва навистина ми влезе под кожа па решив да отворам и весник, а во првата моја статија решив да напишам нешто за мисиите во играва бидејќи многу од новите играчи ме прашуваа за нив (исто како што и јас на почетокот се распрашував што значат истите и колку се битни)

ДО НОВИТЕ ИГРАЧИ: она што е најбитно за сите вас е да не им обрнувате многу внимание на овие мисии - освен првите 6-7 кои можете без потешкотии да ги исполните што ќе ви помогне побрзо да напредувате во играта. Сите останати мисии се премногу тешки и истите оставете ги за понатаму кога доволно ќе напреднете во самата игра.

Во прилог е прегледот на мисиите кои до сега беа објавени од администраторите на оваа игра:
(Не гарантирам целосно за редоследот)

Мисија бр. 1 (We are all warriors)
Задача: Тренирај за прв пат
Награда: 2 искуствени поени

Мисија бр. 2 (Food is scarce)
Задача: Имај три парчиња леб на залиха
Награда: 2 искуствени поени и 10 здравје

Мисија бр. 3 (Join the rebuilding effort)
Задача: Најди работа на пазарот за труд и изработи еднаш во компанијата
Награда: 2 искуствени поени, 200 поени работнa вештина

Mисија бр. 4 (Image matters)
Задача: Стави си слика на профилот
Награда: 2 искуствени поени

Мисија бр. 5 (Offense is the best defense)
Задача: Имај 1 парче оружје на залиха
Награда: 2 искуствени поени

Мисија бр. 6 (A future Hero)
Задача: Елиминирај 5 противника во битка
Награда: 2 искуствени поени

Мисија бр. 7 (Working days)
Задача: Работи 5 дена по ред
Награда: 2 искуствени поени, 200 поени работна вештина

Мисија бр. 8 (Super Soldier)
Задача: Освој го медалот "Супер војник" (за тоа ти треба 250 сила која се добива со тренирање)
Награда: 2 искуствени поени

Мисија бр. 9 (Society Builder)
Задача: Освој го медалот "Society Builder" (за тоа треба да поканиш 10 луѓе во играва и сите притоа да стигнат до 10 ниво)
Награда: 10 искуствени поени

Мисија бр. 10 (Find El Dorado - Prepare for the journey)
Задача: Тренирај 5 дена по ред, имај 5 оружја на залиха и 8 карти за патување
Награда: 2 искуствени поени, 15 поени сила

Мисија бр. 11 (Healthy Hard Worker)
Задача: Работи 5 дена по ред со здравје над 90
Награда: 2 искуствени поени, 200 поени работна вештина

Мисија бр.12 (Find El Dorado - The Search)
Задача: Отпатувај во Јужна Америка, повикај 2 пријатели да ти се придружат и имај 100 денари на сметката
Награда: 2 искуствени поени 15 поени сила

Мисија бр. 13 (Find El Dorado - Now or Never)
Задача: Порази 30 непријатели во борба, порази непријател во 3 различни битки во било кој регион на Јужна Америка, имај 10 злато на твојата сметка
Награда: 30 поени сила, 100 поени здравје

Мисија бр.14 (La Resistance)
Задача: Учествувај и победи во 3 различни ослободителни војни, елиминирај 30 непријатели во борба, напредувај до воениот ранг - Капитен
Награда: 2 искуствени поени, 2500 поени воен ранг

Мисија бр. 15 (True Mercenary)
Задача: Победи во 4 битки во различни региони, елиминирај 40 непријатели во борба, освој го медалот за "Херој во битка" (играч со најмногу нанесена штета за земјата за која се бори)
Награда: 100 поени здравје, 2000 поени воен ранг

Мисија бр. 16 (Winter Holidays: Preparing)
Задача: Имај 20 работи на залиха, работи 3 дена по ред со најмалку 50% бустер (засилувач), имај 2 карти за патување на залиха
Награда: 150 поени работна вештина, 20 дополнителни полиња за залихи

Мисија бр. 17 (Winter Holidays: Going on vacation)
Задача: Отпатувај во земја во која немаш државјанство, пресели се во регион на таа земја што е богат со Дивеч, конзумирај храна што ќе ти донесе вкупно 300 поени здравје
Награда: 5 искуствени поени, 15 поени сила

Мисија бр. 18 (Winter Holidays: The Guardian)
Задача: Имај 3 парчиња оружје на залиха, тренирај 3 дена по ред со најмалку 50% бустер (засилувач), елиминирај 30 непријатели во област богата со дивеч.
Награда: 300 поени воен ранг, 30 поени сила

Мисија бр. 19 (Winter Holidays: Returning home with gifts)
Задача: Имај 5 парчиња оружје на залиха но по 1 од секој квалитет, имај 5 парчиња храна на залиха но по 1 од секој квалитет, елиминирај 50 непријатели во битка за регион од твојата држава.
Награда: 500 поени воен ранг, 100 поени здравје

Мисија бр. 20 (eRepublik Anniversary - The War)
Задача: имај 3 парчиња оружје на залиха, елиминирај 33 непријатела за вкупно време од 33 часа, донирај 3 парчиња оружје на твои пријатели за време од 3 часа
Награда: 33 поени сила, 333 поени воен ранг

Мисија бр. 21 (eRepublik Anniversary - Staying fit)
Задача: Имај 9 парчиња храна на залиха, конзумирај по 3 парчиња храна 3 дена по ред, донирај 3 парчиња храна на твои пријатели во рок од 3 часа
Награда: 33 искуствени поени, 33 поени здравје

Мисија бр. 22 (eRepublik Anniversary - The Challenge)
Задача: Работи три дена по ред, тренирај 3 дена по ред, елиминирај по 3 противника на ден во наредните 3 последователни дена
Награда: 333 поени работна вештина, 33 поени сила

Мисија бр. 23 (True Patriot)
Задача: Имај 10 парчиња оружје на залиха, елиминирај 30 непријатели во битка против држава која е прогласена за воен непријател на твојата држава
Награда: 50 поени сила, 500 поени воен ранг

Сега за сега овие се сите мисии кои биле додадени од администраторите на играва, штом се појават нови истите ќе бидат веднаш додадени во продолжение на оваа листа.

Доколку министерот за образование смета дека оваа листа треба да биде дел од некој од туторијалите за нови играчи, еве бесплатно ги отстапувам авторските права xD

Поздрав
Ана