НОВ БЕЈБИ БУМ !!!

Day 1,170, 05:29 Published in North Macedonia North Macedonia by Nalutenata

Се нижат добри вести деновиве во Македонија , пред неколку денови ја ослободивме Источна Македонија со голема помош од Србија , а пред неколку часа го ослободивме и Повардарие , по изгубени три битки направивме пресврт и победивме со 8:3 следна е Западна Македонија , исто така добра вест е тоа што економијата оди во нагорна линија , а најновата добра вест е
тоа што денес ни се приклучија нови 536 бебиња спремни да се борат за Македонија.





Да се надеваме дека новите играчи нема да се откажат за неколку дена затоа што играта изгледа многу монотона во првите денови но подоцна станува поинтересна , наше е да им помогнеме и да ги советуваме што треба , а што не треба да се прави . Најважно што треба новите играчи да го знаат е тоа што
НЕ ТРЕБА ДА ВОЈУВААТ СЕ ДОДЕКА НЕ ДОСТИГНАТ 16 ЛЕВЕЛ ЗАТОА ШТО НИВНОТО ВЛИЈАНИЕ ВО БИТКИТЕ Е МИНИМАЛНО



HAIL MACEDONIA