Послание Струмјанину !!!

Day 1,169, 10:39 Published in North Macedonia North Macedonia by Mano A

Проблеми и начин за нивно решавање

Сакам да нагласам дека пострашно од македонски камиказе во Бугарија е само македонски камиказе во Македонија. Камиказето ја руши емакедонската економија во најголеми размери и понатаму, со домино ефект директно влијае врз сите понатамошни сфери на државата (исход на битки, празна државна каса, инфлација...

Доколку овие уништувачи се спорадични случаи не би ја пишел оваа статија, но проблемот е во тоа што ги има многу

Овој проблем мора да се реши што поскоро и јавно го повикувам до сега единствениот кандидат за Претседател на еМакедонија (а по мое мислење и најсоодветниот) да се изјасни по мојава статија и по начинот на кој мислам дека може да се реши проблемот.

1. Според мене, најдобро е да се подигне минималната плата на 7.3 - 7.5 денари (што соодветствува на сума пари што би ја произвел играч со Senior skill со 15-20 здравје) со цел играчи кои би работеле со тоа здравје и за таа плата би придонесувале во полнењето на државната каса. Од друга страна играчи кои добиваат моментална мин. плата (1.5 денари) + одреден бонус (леб, злато итн.) придонесуваат со 13% х 1.5 = 0,19 денари, наспроти 7.5 х 13% = 0,97 денари.

2. Сите работодавачи да ја нудат оваа минимална плата на работникот, без оглед тој кој skill го има, работникот по пријавувањето не работи и чека работодавачот да му ја подеси платата согласно продуктивноста, односно работодавачот е во контакт со работникот и му дава упатства (да го дигни здравјето на 100...).

Имам и неколку прашања до идниот Претседател:

1. Во неколку наврати се пишуваше за цената на лебот, житото во време на војна. Имаше препукувања како некој бил воен профитер, а некој не бил итн., па моите прашања од оваа област се:
-Каква ќе биде даночната политика на новата влада во мирновременски услови, а каква во војна?
-Дали владата планира да ги намалува даноците на приход и ДДВ со цел да помогне и на стопанството и на учесниците во војната, за време на војна?

2. Струмјанин, општото мислење за тебе е дека си чесен, отворен и директен човек и пред се' правичен, на што ако се додадат твоите 10-12h online (така прочитав некаде), испаѓа дека и да си бил ероден пред само 1 месец, повторно би гласале за тебе огромниот број играчи што ти ја даваат поддршката.
Но, ме интересира кои механизми за контрола на власта ќе ги воведиш со цел да не испадни дека сме се заебале (не ме сфаќај погрешно, ова го прашувам од принцип, за да не се случи никогаш повеќе тоа што се случува со сегашното раководство.

- Каков е твојот став за механизмот на контрола кој го предложив пред неколку дена (тричлен совет составен од искусни играчи кои ќе бидат предложени од опозициските партии застапени во конгресот а изгласани од конгресот)?
- Каков е твојот став за референдумско решавање на најбитните прашања за нашата држава (Објавување војна)?

Ти благодарам и се извинувам на сите за прилично долгиот текст.