МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО НАПАДНАТА

Day 1,167, 13:01 Published in North Macedonia North Macedonia by NikolaJanevski

Територијата на Република еМакедонија, поточно регионот Источна Македонија е повторно нападнат од страна на бугарската армија. Во моментов податоците говорат дека предност има бугарската армија со 5:2 во однос на нашите одбрамбени единици. Како македонски државјанин би сакал да ги поздравам сите наши играчи кои цврсто и храбро го бранат и ова мало парче земја што остана од еМакедонија, истотака сакам да упатам и голем поздрав до АРМ, како и до единицата Лавови и новата единица на АРМ која сеуште е во фаза на регрутација. Борете се храбро и не давајте нашата држава да потпадни целосно под окупаторска власт.

Во регионот една од позначајните битки е битката за брегот на Црно Море која ја води нашиот јужен сосед против еТурција. Резултатот во оваа битка е во корист за нашиот јужен сосед поради бојкотот на турските играчи. Поради бојкотот од страна на турските играчи нашиот јужен сосед го контролира поголемиот дел од територијата на Турција, а овај регион е последен регион од цела Турција и доколку овај регион падне (а најверојатно ќе падне) тогаш нашиот јужен сосед ќе владее со цела територија на еТурција.

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА !!!

Со почит
главен уредник на Nikola's news