ДОЗА ХУМОР

Day 1,165, 14:01 Published in North Macedonia North Macedonia by NikolaJanevski
Оваа статија ја отварам за да ја презентирам новата рубрика во весникот Nikola's news, а тоа е рубриката "Доза Хумор". Оваа рубрика ја отворам со цел читателите на овој весник да се релаксираат и да се одморат од секојдневните статии кои се поврзани со случувањат во еМакедонија и на еБалкан, а најголем дел од нив се поврзани со битките кои се водат моментално на овие простори. Оваа рубрика ќе излегува еднаш недело и тоа секој петок. Рубриката ќе содржи вицови, смешни слики, смешни видеа и други содржини со смешна содржина. Уживајте !!!

Во една лудница еден лудак го брка докторот со нож. Овој бегал, бегал, но на крајот се нашол во ќош и немал каде повеќе да бега. Лудакот му се приближил со ножот и му рекол на докторот:
- На сега ти бркаш.


Мујо и Хасо отишле на концерт на U2. Мујо по долго чекање му вели на Хасо
-Хасо бре, па кога ке почнат вие па, се начеках.
-А бре Мујо Мујо, нели гледиш со колкави букви е напишано У 2.

Две плавуши се качиле во лифт и тој ненадејно се заглавил.
Едната започнала да вика:
- Помооооош!
И другата викала:
- Помооооош!
...Едната и предложила на другата:
- Ајде да викаме заедно!
Другата се согласила.
Започнале да викаат:
- Заедноооо!

Некој селанец сакал да ја помине реката со трактор, ама не знаел колку е длабока.
здогледал некоја русокоса покрај патот.
- невесто, рекава длабока е?
- не!
тргнал овој низ реката со тракторот и потонал целиот.
......- добро мори жено, нели е плитка водава.
- а бре плитка е прееска на едни шатки до пола им беше!

Ограбуваат двајца црногорци банка и одат дома и едниот му вика на другиот:- ке ги броиме или ќе чекаме на вести да кажат колку има

Со почит
главен уредник на Nikola's news