Сојузници

Day 1,165, 12:43 Published in North Macedonia North Macedonia by filozof123


Еве после подолго време освен реобјавувањето на туторијалот за бебињата, конечно се решив да напишам нова статија...
Во последно време има многу шпекулации за плановите на САД за освојување на Србија.
Затоа решив да ја напишам оваа статија и да видам што мислите вие за тоа.

Значи после подолго време турците се решија да го прекинат бојкотот...
Моментално скоро цела Турција, освен два региони е окупирана од Грција.
Откако завршија со бојкотот турците одма кренаа востание, но за жал тоа беше неуспешно и сега нема активни војни меѓу Грција и Турција.

Се поизвесно е дека шпекулациите дека САД сака да стигне до Србија и да ја освои се точни.
Турција најверојатно ќе влезе во алијанса со САД и како што се шпекулациите, ќе им дозволи на САД да поминат низ Турција без борба и потоа САД би требало да освои и регион од Бугарија за да може да ја нападне Србија.
На можниот напад на САД врз Србија укажува и продорот на САД низ Азија.
Моментално САД е стигнат до Турција и се очекувава деновиве да освои еден дел од Турција како што е договорот и да продолжи низ Бугарија кон Србија.

Доколку ова се случи тоа значи дека и сојузот меѓу Турција и Србија ќе се распадне.
А како што знаеме Србија и Турција се најголеми сојузници на Македонија.
Ако ова се случи, Македонија ќе мора да одбере на чија страна да биде!
И на било чија страна да застанеме сепак ќе бидеме со многу послаба поддршка од порано, бидејќи ќе изгубиме еден од двата најголеми сојузници!
Пишувајте ги во коментари вашите предлози во коментарите за тоа на чија страна би требало да застане Македонија!


filozof123


Нека ни е вечна Македонија