ЗАПАДНА ПАДНА А ИСТОЧНА ВОСКРЕСНА

Day 1,163, 12:10 Published in North Macedonia North Macedonia by NikolaJanevski

Драги мои граѓани на еМакедонија ве информирам дека по долготрајни и жестоки битки вчера околу 1 часот после полноќ бугарскиот тиранин влезе и во Западна Македонија. Секоја чест за сите припадници на македонските безбедносни сили кои вчера храбро се бореа и ги одбиваа нападите на бугарските окупатори, но сепак за голема жал не успеавме да се одбраниме докрај. Сепак ситуацијата не е така страшна како што изгледа бидејќи додека окупаторските сили со сите свои расположливи средства ја напаѓаа Западна Македонија, нашите сограѓани во Источна Македонија успеаја да кренат востание и да ги протераат окупаторите од овој регион на еМакедонија, па така сега регионот Источна Македонија после неколку дена под окупација успеја да се ослободи и гордо да го развее македонското знаме на слободната територија. Истотака сакам да изразам и голема поддршка до нашите КАМИКАЗИ кои храбро се борат и имаат за цел да ја уништат економијата на окупаторот.

Вестите од регионот говорат за нова битка помеѓу нашиот сојузник еСрбија и еХрватска, овојпат за регионот Јужна Далмација. После неуспешниот обид на еХрватска за завземање на деловите на Реоублика Српска, Србите одлучија да направат контра удар и да го нападнат регионот на Јужна Далмација. Во моментов податоците говорат дека еСрбија во оваа битка има предност и води со 3:1 со што се очекува брзо паѓање на Јужна Далмација под капата на еСрбија, но сепак останува да видиме.

За крај би сакал да изразам голема подршка до сите Македонци и да ви порачам да не се разочарувате бидејќи иако некои делови од Македонија се под окупација никој нема да успее да не избрише од картата. МАКЕДОНИЈА ПОСТОЕЛА И СЕКОГАШ ЌЕ ПОСТОИ без разлика дали тоа на некој му се допаѓало или не. ДА ЖИВЕЕ НЕЗАВИСНА И СЛОБОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

Со почит
главен уредник на Nikola's news