Одговорите се тука !!!!!!!!!

Day 1,162, 13:00 Published in North Macedonia North Macedonia by Arch1monde

Каде ке биде Македонија утре ?

Сите веќе сме свесни дека Македoнија утре ке ја нема.

Што потоа ?

Најверојатно ке бидеме окупирани 3-4 дена.Потоа ке успееме да ослободиме некој регион со помош на Србите .Ќе се вратиме на мапата, но за кратко.Повторно ке не поразат Бугарите.
И сетоа тоа ке се одвива додека Бугарите не решат да не се замараат веќе со нас.Односно ке ни вратат 1 регион кој има ресурси кои тие ги поседуваат... Со тоа тие не губат ништо
туку напротив добиваат.



Сега малце да ја анализираме досегашната војна и грешките на нашите лидери.



Морам да кажам дека претседателот се залагаше и се трудеше да биде достоен на функцијата која му е доделена. Сепак направи неколку клучни грешки во оваа војна.

1.Битката за Софија - лоша организација.Делењето на лебови преку чат беше ужасно,100 души добија од 1000.Бевме сведоци во едно несогласување меѓу претседателот
и министерот за одбрана.Едниот вели мавајте во Софија, другиот мавајте во Мармара.

2.Битката за Видин- во оваа битка се потрошени околу 2500-3000 голд.(според ситуацијата во НБРМ)Битката за Видин беше клучна во оваа војна,односно ја сврти војната против нас.
Ние нападнавме регион кој содржи ресурс кој веќе го поседувавме,наместо Русе кој беше богат со жито.Некој ке ми каже што ако го освоевме Русе ?
Доволен е фактот што ке се зголемеше производството на жито во Мкд барем за 24 часа.Со тоа ке имавме поевтино жито,а со тоа и поевтин леб барем за 24 часа.
Сметам дека овде е направена втората грешка на нашиот претседател.

3.Плаќањето на Странски тенкови- според мене ова беше најголемата грешка во оваа неуспешна кампања за нас. Требаше сите 12к голд да се употребаат на нашите тенкови,
Односно Лазароса,Унитед,Кракер4е,бобоо6,Иван Ванчо Македонски. Можеби Турските тенкови прават повеќе инфлуенс од претходнонаведените,но разликата е што вложуваме во Македонци.
Ако ништо повеќе кога ке немаме злато,ке бидеме сигурни дека овие горенаведени ке го потрошат барем нивните 300 хп во битка за Македонија.За разлика од Турците кои се тука
само кога имаме злато.Добија наредба од претседателот да не маваат,и никој да рече ако ние не маваме бар да им помогнеме на "бракава македонци".Можеби ке направевме помалце
инфлуенс во битките,но бар ке вложевме во нашата иднина.


4.Неприфаќање на грешките - пред неколку часа претседателот објави весник во кој вели дека не жали за ништо.Јас сметам дека има за што да се жали и да научиме бар нешто од грешките.



Затоа апелирам на следните избори да се кандидираат луѓе кои имаат најмалку 8-10 часа слободно време,24 часовен пристап на интернет и да бидат барем постари од 20 години.

Зошто го велам ова ?

Сегашниов претседател нема баш многу слободно време.Нападот на Видин беше автоматски бидејќи немаше кој да го активира.Разговарав со унитед на емкд кој ми кажа дека Драш бил на школо се чекало да дојде па да се нападне.
Неколку минути подоцна војната беше автоматски стартувана. По ова дека се гледа дека нашиот претседател нема доволно време за неговата функција и обврските кои следат со нејзе. Сосема поинаква е ситуацијата со нашиот претходен претседател,
Унитед.Унитед за време на својата маднат беше дури и повеќе од 10 часа онлине,но неговиот недостаток се годините.Сите бевме сведоци на неколку негови коментари на весници.Мислам дека такви изјави не му доличуваат на некој кој треба да биде претседател на една држава.Некој ке прокоментира дека можеби јас ги исполнувам овие услови па затоа ги предложувам,но напротив немам време и немам намера да превземам толкава задача,туку давам само една сугестија за поуспешна Македонија во иднина.Оваа е само мое лично мислење и видување на работите кои следат.

поздрав

Аrch