Надеж за подобро утре!

Day 1,162, 12:40 Published in North Macedonia North Macedonia by MakedonecMKD





Иако во вчерашната статија имаше доста негативни коментари и критики како сум бил предавник дека сум бил ретардиран и други коментари, сепак ќе се свртам на посветлата страна. Значи во врска со сојузниците, во ред, си ја признавам грешката што ги обвинував, иако и тие имаа свои проблеми, но со оваа влада стварно нешто не е во ред. Нашиот претседател ПОСЛЕ 10 дена неактивност конечно напиша статија во која објаснува дека воопшто не жали за потезите кои ги правел. Потоа сите во коментари му пишуваа браво, ова она, а всушност ДРЖАВАТА ЌЕ ЈА СНЕМА! Потоа го правдаа дека ова е виртуелна игра и не треба многу да обрнува внимание на неа и дека вистинскиот живот треба да биде пред се'. Ако воопшто нема намера да игра редовно овие денови, кој ѓавол го тера да стане претседател? Нормално дека ќе стане претседател кога игра повеќе време, но сепак за претседател не е секој. За да бидеш претседател, според мене, треба да бидеш онлајн 24/7, да пратиш што се случува во секој дел од Новиот Свет, како стојат односите со државите со кои имаме добри дипломатски односи итн. Очигледно е дека една недела, можеби и две ќе бидеме под Бугарско ропство но сепак, сме биле 5 века под Турско ропство, и пак не сме се откажале. тоа се 500 години! А Вие во оваа игра неможете да останете варем 2, 3 месеци. Одма се откажувате, викате дека нема надеж.



Да ви кажам нешто: доброто секогаш го надвладува злото, без исклучоци. Кога тогаш повторно ќе се вратиме на мапата, дај боже со подобра власт и да не се молиме Македонија што подолго да остане на мапата, туку да се молиме новите региони на нашите непријатели што повеќе да останат во наш посед! Искрено, и јас многу сум незадоволен, незадоволен од се што се случуваше последните денови. Мораме да погледнеме и на посветлата страна, барем СЕГА можеме да се посветиме на новите играчи, кога веќе не сме во војна, т.е. нема за што да војуваме. Повторувам, според моите проценки, за 1 до 2 недели најкасно помошта од сојузниците би требало да пристигне, а дај боже и Турците да се изборат за својата цел и да престанат со блокадата.



Најдобриот начин за да ги преживеете овие денови под Бугарско знаме е да станете камикази. И ние ќе станеме нинџи како нив кога играа нечесно, и сеуште играат. Ние ќе користиме легални скрипти и ќе ја уништиме Вашата Бугарска економија и ќе зажалите што сте стапнале на оваа Македонска земја!

МАКЕДОНЦИ, следете ги овие чекори за да ја уништиме нивната економија:


- Вработете се во Бугарска компанија
- Работете со 20 / 40 здравје
- Не работете со бустери (booster - појачувач)
- Доколку имате пријатели кои играат со ваш реферал (referral), НЕ ГИ СЕЛЕКТИРАЈТЕ
- И парите кои сте ги добиле од работата која сте ја извршиле заменете ја во менувачница (monetary market) во златници


Носете го и овој аватар дека сте дел од НИНЏА КАМИКАЗИ (не треба никакво членство):





Се надевам дека со оваа статија ќе се освестат тие кои веќе решиле да се откажат од играта и тие кои ја управуваат државата, и дека ќе нема негативни коментари за моите критики кон луѓето кои неможат да ги извршат своите обврски. Повторно се извинувам за критиката за кон сојузниците, но критиката кон владата не ја повлекувам.



И да не заборавам... СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ТОШЕ!










Ваш,