ПОВАРДАРИЕ ПАДНА СЕ ВОДИ БИТКА ЗА ПРЕОСТАНАТИОТ ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА

Day 1,162, 11:06 Published in North Macedonia North Macedonia by NikolaJanevski
Драги сограѓани со голема тага ве информирам дека македонскиот дел Повардарие вчера ноќта околу 2 часот падна под Бугарска окупација. Бугарските војски навлегоја длабоко во територијата на еМакедонија и во моментов водат битка и за последниот дел од оваа убава и мила наша држава т.е. водат битка за регионот Западна Македонија. Последните информации говорат дека бугарските сили во Западна Македонија брзо напредуваат и резултатот во моментов е 5:0 во корист на бугарската окупаторска војска и нејзините сојузници. Како жител на Западна Македонија, а и како човек кој ја сака својата татковина ве повикувам сите храбро да зстаниме во одбрана на нашата држава и да го спречиме понатамошниот успех на окупаторските војски, да го одбраниме овој регион и да тргниме во контра напад со цел ослободување и на преостанатите два региони на еМакедонија. Голема поддршка сакам да изразам до сите камикази кои во моментов се наоѓаат во двата поробени региони на еМакедонија и придонесуваат во борбата против бугарскиот тиранин. Истотака голема подршка за АРМ, лавовите и останатите единици на нашата армија кои храбро се борат и нанесуваат големи штети на непијателските војски.

Од регионот информациите говорат дека нашиот јужен сосед брзо ја проширува својата територија за сметка на еТурција која во моментов ја бојкотира играта и не се бори. Истотака по вчерашната победа на еСрбија во битката за Источна Република Српска, денес еХрватска отвори нова битка против еСрбија за регионот на Западна Република Српска а резултатот од оваа битка е 5:0 во корист на еСрбија.

Тоа се најновите информации од нашата држава и од регионот, а за сите промени ќе бидите благовремено известени. Уште еднаш ги повикувам сите граѓани на еМакедонија да не ја напуштаат својата држава и да продолжат храбро да се борат против бугарските окупаторски сили.

Со почит
главен уредник на Nikola's news