Како од утре?!

Day 1,162, 10:04 Published in North Macedonia North Macedonia by Patriot Chuni

Како што веќе знаете штрајкот (бојкотот) на турците се рефлектирашe и врз Македонија т.е Македонија од утре нема да постои како држава. Нема да постои конгрес, нема да постои претседател т.е ќе постојат ама Бугарски кои нема да бидат признаени од нас, македонците...

Бизнисмени,

Пред да почнете со масовно префрлување во други држави или продавање на вашите фирми размислете дека за некој ден Македонија ќе биде повторно независна држава и ќе и требаат голем број фирми за брз економски раст и стабилизација. Затоа иако под Бугарско продолжете со својата работа на компаниите и со продажба на продуктите на Бугарскиот пазар, бидејќи има Македонци кои ќе живеат во овие простори и кои ќе купуваат од вашите (македонски) фирми, а нема да купуваат од Бугарите. Секогаш да продаваме на пониска цена од Бугарските со тоа и тие ќе ги намалуваат цените и се надевам барем колку толку ќе им ја разнишаме економијата. Ресурси (жито и железо) купувајте исклучиво по консултација со некој македонец од чет со тоа си го заштитуваме нашиот продукт македонскиот, а и не им правиме пазар на бугарите.

Граѓани на еМКД,

Немојте веднаш да се преселувате во другите држави, останете тука и работете во Македонски фирми, и немојте веднаш да се буните доколку вашите плати се пониски од оние на пазарот бугарски сега работиме на тоа да им ја паднеме економијата. Морате да бидете постојано активни на чет и пред било какво купување од пазар консултирајте се со некој на чет кој има таква фирма и купете од него притоа пазете постојано да купувате од македонски фирми. Исто така кога барате работа дојдете на чет и вработете се во македонска фирма. Доколку немате можност да пристапите до чет тогаш добро истражете ја компанијата од која купувате дали е македонска т.е дали е на некој македонец. Максимално штедете и чувајте се за денот кога ќе треба да ја ослободиме нашата мила татковина.

Камикази,

Сите вие кои се одлучивте на ваков чекор добро истражувајте ги компаниите во кои се вработувате затоа што можи да бидат на Македонци. И организирајте се така што повеќе души ќе удрите во една фирма со тоа крајот на таа фирма да биде неизбежен...

Има една поговорка која вели:
„Голема цивилизација се руши одвнатре“,
Со ова не сакам да кажам дека бугарите се голема нација, туку сакам да потенцирам дека
одвнатре можеме многу побрзо да ги уништиме...

И во овие моменти немојте да барате виновници за поразот или предавници и така натаму... едноставно сите знаеме дека повеќе од 70% од населението сакаше да влеземе во војна за играта да ни станела поинтересна... епа и ова е дел од игра 😉

Србите исто така имаат своја поговорка:
„Само слога србина спашава“...

Епа драги мои МАКЕДОНЦИ дојде моментот кога мораме да се обединиме !!!

Секогаш бидите спремни да помогнете на друг Македонец, со совет, со пари, со злато, со леб...
„Брат брата не рани тешко кој го нема“



Само да дополнам во врска со данокот давајте им минимална плата на работниците и останатите пари донирајте им ги преку вашиот профил (немојте да злоупотребувате), кога ќе вадите пари од фирмата исто така ви ги одданочва дојдете на #chat.eMKD и прашајте јас лично ќе ви објаснам и поможам да се заобиколи овај данок сите неискусни барајте помош од некој поискусен во врска со трговијата #eMarketing тука ќе се договара трговија со стоки.

За сите што незнаат:
/join #chat.eMKD -команда за пристап до чатот
/join #eMarketing -команда за пристап до маркетот