ЖЕСТОКИ БОРБИ ЗА ПОВАРДАРИЕ

Day 1,161, 11:54 Published in North Macedonia North Macedonia by NikolaJanevski
Најновите информации од теренот говорат дека полека но сигурно ја губиме битката против нашиот регион Повардарие. Според досегашните информации Повардарие доцна вечерва би требало да падни под Бугарска власт. Па затоа ве повикувам да не ја напуштате својата држава и да продолжите храбро да се борите против бугарскиот окупатор како што се боревте досега, да не дозволиме и ова наше парче земја да потпадни под бугарска власт. Во овие моменти потребно е да останете во нашава држава и да се борите за слобода на еМакедонија. Останете и борете се за нашата држава, борете се за својата татковина, борете се Македонија да остане цела и да не потпадне под окупаторската чизма на бугарите.

Покрај нашата други тековни битки во нашиот регион се и битката за Источна Република Српска која се води помеѓу Србија и Босна и Херцеговина како и битката за Југоисточна Анадолија која се води помеѓу нашиот јужен сосед и Турција.

Уште еднаш ве повикувам храбро да се борите против бугарите и да не се предавате пред окупаторската чизма.

За сите други информации ќе бидите благовремено известувани

Со почит
главен уредник на Nikola's news