Сеуште сме членки на Феникс

Day 1,161, 10:44 Published in North Macedonia North Macedonia by Nikola Gorgiev

Го пишувам овој артикл со голем бес кон македонските самонаречени лидери, кон првата техничка влада, кон првите играчи кои на своја рака одлучија да ја водат оваа држава.
Време е да се запрашаме што се случи со нашите верни сојузници, што се случи со државните резерви, и зошто во последните денови парче по парче ја губиме државата, а сеуште сме посетувани со пораката - Донирај го златото на "Тенк" за да можеме да ја спасиме Македонија -.
Неможам да бидам само критички настроен кон моменталните лидери, сепак голем дел од нив и завршија одлична работа, но време е да ги согледаме нивните одлуки во врска со моменталната ситуација, како Македонија остана последната Феникс играчка во есветот, и зошто се што градевме дозволивме да се изгуби за неколку денови.

Ќе почнам од почетокот, од моментот кога пристигнаа првите бебиња, впрочем тогаш се удри темелот на еМакедонија, тогаш се формираа првите организации, првата партија, првите алијанси, односно го трасиравме патот на Македонија онаков каков што го исцртавме 1 година и повеќе пред тоа.
Целта беше единствена и се состоеше од 4 дела:
Првиот да се креира нова сила на Балканот која ќе биде дел од Феникс алијансата,
Вториот да има голем број на жители,
Третиот да биде економски стабилна и
четвртиот политички сигурна одвнатре.

Два од овие дела ги спроведовме и повеќе од успешно,
на економски план бевме супериорни бидејќи залихите на црвениот крст и народна банка беа добри да обезбедат стабилна валута и богата држава, а за бројот на жители се погрижи Сител ТВ со својот прилог.
Третиот дел се однесува на надворешната политика односно односите со алијансата Феникс и Алијансата Еден. Несомнено уште на самиот старт Македонија мораше да бира помеѓу Феникс Алијанса во која членуваа многу наши претходни сојузници, или Еден Алијансата во која членуваат нашите непријатели и нашите соседи Егрците. Како по правило одигравме на сигурната карта, членство во феникс, директно плукање по грците и подготвување на војна со нив далеку пред да знаеме што ќе се случи во Феникс и кои се намерите на членките во неа, оваквиот потег се одцрта на Македонија како белег односно како директен показател за она што се случи. Бугарија од "свои причини" одлучи да ја напушти Феникс, и пред наши очи заедно со грција веќе 4 месеци се подготвуваше за напад на Македонија и Турција. Дека Македонската јавност беше заведена од Бугарската измама се доказ и големиот број артикли меѓу кои и оној на претседателот во кој ни ги објасни односите со Бугарија, но не откри на чија страна ќе застанат тие.
линк до артиклот
4 месеци се играше на картата дека позади Бугарската влада и претседател стојат пријатели на Македонија и дека поголемиот дел од Бугари се за мир со Македонија кои штом ќе дојдат на власт веднаш ќе потпишат мир со нас. Чудно или не, не само што овие луѓе не дојдоа на власт, туку и ги губеа убедливо изборите, а за нас сеуште немаше ништо сумливо тука.

Ситуацијата со надворешните земји, распаѓањето на феникс е втората ситуација во која се наоѓаме сега, впрочем на сите ни е нејасно како од 17 сојузници спаднавме на само 2 од кои едните бојкотираат поради тоа што нивен непријател користел скрипти, иако и тие самите користеа голем број од нив, да биде иронијата поголема, стапивме во војна токму поради нив и зачувување на турција, земја која тие ја продадоа туку така. Сите останати сојузници со исклучок на србите се позагрижени за своите колонии отколку за основните територии на Македонија.

Четвртата работа е најголемата партија во еСветот, она за кое се залагав и јас на почетокот на оваа држава како заштита од обидот за превземање од други држави. ОеМ ги надмина сите очекувања, обезбеди зачувување на конгресот и стана најбројна во светот, но владеењето со еднопартиски систем не е лесен, а некој требаше да ги слушне повиците на опозицијата за критиката која тие ја упатија.

Пред неколку дена, некој латвиец кој наводно МНОГУ ја сака Македонија, во наплив на љубовни емоции кон нашата земја одлучи да го хакне профилот на претседателот на државата, да стане автоматски претседател на најбројната позиција, и да ја стави целата држава во неговата милост и немилост, односно тој да одлучува кој ќе биде кандидат за конгресмен. Сета оваа работа можеби и не изгледа страшно сега, но никој од нас не се запраша што ако Латвиецот не одобреше ниту една кандидатура? кој ќе ја водеше државата тогаш? Среќа човекот е заљубен во Македонија и во златото, па за одреден сума некои кандидати добија и кандидатура.
Гледајте на светлата страна, експретседателот ве извести само 3 дена потоа, што ако не известеше никогаш?

Поздрав народе љуби вас латвија, и ако нешто не ви е јасно, слободно обвинете го Plato!