Вредноста на златото!

Day 1,158, 14:55 Published in North Macedonia North Macedonia by filozof123

Значи во последно време вредноста на златото нагло се зголеми!



Пред десетина дена цената беше околу 35-40 денари за еден златник, а сега е скоро 60 денари!
Во последно време тоа се должи на големата инфлација!
Затоа сакам да ви кажам дека нема потреба да се буните за платите и цените на производите!
Еве еден пример
*платата е за 8 работен скил (мастер)
пред десет-петнаесет дена платата беше 12-13 денари значи за 3 дена сте собирале плата колку за еден златник.
цената на лебот беше помеѓу 0,60-0,65
Значи со една плата сте можеле да земете околу 20 леба дневно.
Сега платата е 20-22 денари, а златото е 60 денари.
Значи исто како и предходно и сега за 3 дена собирате плата колку за 1 голд!
Цената на лебот е 0,95-1 и исто како и сега може да земете околу 20 леба.
Кога ќе пресметате се на се исто се фаќа!
Иако исто заработувате, сепак сега не би ви препорачал да купувате злато, бидејќи сега цената на златото е дојдена до максимум и не може веќе да се зголемува!
Веќе денес почна да паѓа, па не е чудо ако за 10-15 дена се вратиме на истата состојба од предходно!
Затоа чувајте ги денарите и не купувајте злато сега!
Ако сега со 60 денари можете да купите 1 златник, за 10-15 дена кога вредноста на еден зланик ќе биде 40 денари, тогаш со тие 60 денари ќе купите 1,5 злато. 😉
И уште нешто...
Кога купувате злато гледајте да го купите од некој македонец, бидејќи парите ќе останат во Македонија и нема да се изнесат надвор!
0,001 разлика во цената нема да ви значи многу вас лично, но значи за економијата!



filozof123