[ Форум за ЕКОНОМИСТИ ] Економска Стратегија за еМакедонија

Day 1,153, 04:10 Published in North Macedonia North Macedonia by Strumjanin




Почитувани економисти во еМКД (студенти и дипломирани),


Ви се обраќам со цел да Ве повикам да придонесете за еМакедонија.


Последниве денови сведоци сме на : светски економски турбуленции и војна. И двата настана сериозно делуваат на нашата економска состојба. Досега верувам дека превземените мерки вродија со плод, но би сакал дополнително да делуваме за ситуацијата да не излезе од контрола. Затоа лично и како премиер - Ви се обраќам за помош Вам.


Би сакал да дадете свое мислење и тоа во следниот формат:


1. Ваше видување за моменталната состојба со монетарниот пазар и општо економијата на еМКД


2. Ваши предлог мерки за долгорочна економска стратегија на еМакедонија.


ВЕ МОЛАМ ПИШУВАЈТЕ ГИ ОДГОВОРИТЕ НА ФОРУМОТ, не би сакал странци да ни ги читаат плановите.


Само да потсетам дека ова е Форум за играчи од економската струка. И јас имам некакви познавања од економијата, но сепак сум лаик за оваа област (иако сум Докторант во друга област). Затоа Ве молам совети и мислења да изразуваат само економисти, за да не спамираме и да не ја закочиме дебатава.


На крајот од дебатата - ќе биде изработен усогласен Пакет мерки и ќе го доставам до Претседателот на еМакедонија. Конечната одлука во еРепублик лежи во Претседателите на државите.


Би благодарам за конструктивноста и придонесот !



Поздрав од Струмјанин.