[ СООПШТЕНИЕ ] Од Премиерот на еМакедонија

Day 1,150, 11:30 Published in North Macedonia North Macedonia by Strumjanin



Почитувани еМакедонци!


Од пред неколку часа, назначен сум за Премиер на еМакедонија од страна на Претседателот Драш III Македонски.

Ја превземам одговорната функција во време на војна, со мисла : ем да сме патриоти, eм да се забавуваме во играва. И без забегување радикално ни премногу во филм , ни премногу во ташак. Значи – златна средина 🙂

Сакам веднаш да споделам со вас неколку важни информации :


ДО ЧЛЕНОВИТЕ НА ВЛАДАТА :


Владата е во состојба на ПОСТОЈАНО ЗАСЕДАВАЊЕ. Тоа значи дека од сите министри, заменици и советници се очекува присуство на каналот на Владата.

Од секој тим, од секое министерство – мора нон-стоп да има претставник на каналот. Војна е, состојбите се менуваат од миг во миг, а ние мора постојано да реагираме. Значи, Ве очекувам на каналот на Владата.


ДО ЧЛЕНОВИТЕ НА КОНГРЕСОТ :


Ве повикувам да бидете онлајн колку што можете повеќе. И тоа на каналот на Конгресот. Ако ни требаат луѓе (а сигурно за нешто ќе треба) – ќе се обратиме до вас за помош.


ДО ЦЕЛАТА ЈАВНОСТ :


Бидете на чатот колку што можете повеќе. По можност – не спамајте премногу. Забавувајте се и помагајте и на еМакедонија во исто време. Ве молам за конструктивност. Во време на војна – моралот е пресуден. Сега не е време за критики и кавги. Сега, во рововите, нема простор за премногу ставови, сега се гледа само во еден правец – НАПРЕД !

А отпосле ќе анализираме што и како било. Не заборавајте дека е игра !


ЗА ЧАТОТ :


Каналот еМКД е наша општа сопственост. Тој не е канал за воени наредби – си има посебни канали за тоа! Сепак , Претседателот на државата и Министерот за Одбрана (или нивни Заменици) имаат право на него и да даваат наредби! Никој друг нема право да дава наредби.

Мора да ставиме ред. Модератор моде (популарното МУТЕ) имаат право да го ставаат само истите личности или од нив назначени заменици (значи, на кого тие му дале за право). Никој друг! Евентуално Министри или Конгресмени АКО ИМААТ НЕКОЕ ВАЖНО соопштение.

На тој канал сепак и се забавуваме и никој не смее луѓето да ги гуши со модератор моде (муте).


СОВЕТНИЦИ


Ќе формирам екипи од мои советници. Економскиот дел е пресуден во овој момент, па од тој тим и ќе почнеме. Сите економисти кои се желни да помогнат – нека ми пишат порака. Подоцна ќе ги формирам и останатите тимови.



ГЛАСАЈТЕ и шаутирајте ЈА ВЕСТА МАКЕДОНЦИ – СИТЕ ДА ЈА ВИДАТ !



Поздрав од Струмјанин ! МнМ !