Предлог: Како до посилна држава?

Day 1,147, 16:19 Published in North Macedonia North Macedonia by bavarec
Newspaper from the future


Драги мои македонци, неможам да ви опишам колку сум среќен што конечно Македонија е во војна. Играва не ја играм долго, но многу очекував и ние да влезиме во војна.
Колку толку барем некакво искуство ќе добиеме, ако ништо повеќе.

Но да баталам тоа (сите пишуваат за тоа), јас оваа статија ја пишувам да предложам нешто, за доброто на еМакедонија.
Национализација! Предлагам државата да има поголема контрола врз фирмите и врз работниците.
Немора да бидат државни, но за поголеми воени успеси, предлагам едржавјаните со сила помалце од 800 (оптимална за почеток за борење) да бидат сметани за работници, а тие над 800 за војници.

Што е предлогот?
Платите на играчите со сила под 800 да бидат поголеми и државата да им помага да работат со бустери за да произведуваат, додека играчите со сила над 800 да работат со помали плати, но да добиваат бесплатни ресурси за војна (леб и оружје).

Значи работниците создаваат и земаат плата, а војниците создаваат и добиваат гратиси. И златно правило, РАБОТНИЦИТЕ ДА НЕ (смеат) ДА СЕ БОРАТ!
Сметам дека со ова ќе создадеме посилна држава, како воено, така и економски, доклку сите заедно работиме.
Размислете и очекувам критики (позитивни и негативни)

И уште една работа!
Мислам дека овој Бејби Бум што го направивме ни е најголемата грешка досега направена во еМакедонија. Полош период и причина за Бејби Бум неможевме да најдиме.
Ги палиме новите (нерегистирани играчи) со војна, доаѓаат во играва, сите им викаат да не се борат. Меѓутоа тие се регистирале заради таа војна, па 99% од нив пукаат!
И што следува после? немаат пари да се наполнат на 100 енергија, им нудиме секаква помош но над 80% ќе се откажат!
Резултат: сме изгубиле многу обидувајќи се да им помогнеме, а нема да имаме голем број на нови членови!

Бејби Бум се прави пред и после војна, НИКАКО во време на војна! Според мене ова е тотално утнат тајминг...сепак останува да видме, да се надеваме дека ќе згрешам!



Ваш,
Баварец

СО ВЕРБА ВО БОГ, МАКЕДОНЕЦ ДО ГРОБ!