За оние кои НЕ се борат, а и НЕ треба да се борат

Day 1,147, 11:39 Published in North Macedonia North Macedonia by Plainswalker

Битките не се добиваат само со мавање, туку и со соодветна одбрана. Тука доаѓате токму вие. За да биде подобра одбраната треба да се што е можно потешки противниците за победување, т.е. вие.

Потребни се само две нешта:

1. Да имате енергија 100
2. Да имате оружје во рака

1. Зошто енергија 100? Затоа што ќе им треба на противниците повеќе пати да ве удираат за да ве победат, а со тоа и да трошат повеќе своја енергија. Автоматски ќе направат помал influence што и е нашата цел. Затоа кога ќе завршите со играње дента, секогаш завршете со 100 енергија.

2. Зошто со оружје во рака? Затоа што така им е дополнително потешко на противниците да ве победат. И онака нема да се тепате, па само еднаш ќе го купите и ќе си седи. Купете го најскапото/најјакото што можете за да им биде на душманите потешко. За оние кои ептен сакаат да мавнат барем еднаш на ден еве ви статија што да правите (памет во глава):
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1619310/1/20
Само во тој случај позајмете го оружјето кај некој што му верувате за да не морате пак да купувате ново.

Војната се добива и со пасивност, малку по малку...нека се трошат на вашите оружја и стотка енергија.

Plainswalker