Зошто е препорачливо новите играчи да не се борат веднаш?

Day 1,147, 09:26 Published in North Macedonia North Macedonia by Don Tas

Иако има многу туторијали зошто новите играчи не треба да се борат, сепак сметам дека пред новата битка со Бугарија уште еднаш кратко да им се објасни на „бебињата“ зошто не е препорачливо да се борат на почетокот.
За да не сфатат новите играчи дека не смеат да се борат, ќе направам една мала споредба:
Нов играч кога удира губи здравје 10, исто колку што губи и постариот, но прави штета сам 30 или 50 или 70, за разлика и од постарите кои прават штета 1000 или повеќе.
Храната што ја јаде и нов и постар играч чини исто пари, здравјето што се губи е исто, но разликата е во штетата што се прави.
Затоа новите играчи на почетокот треба само да работат и да тренираат по можност со бустер 50%. Во битките најважна е силата, колку поголема сила - толку поголема штета со еден удар.
Јас сум два ипол месеци во играва, имам сила до 742 но се уште правам мала штета околу 130 по удар, затоа повеќе придонесувам, ако наместо диретко се борам, донирам злато на појаките играци кои прават голема штета.

ПОЗДРАВ И СЕ ГЛЕДАМЕ УТРЕ ОВА ВРЕМЕ ВО СОФИЈА