Апел до сите производители на леб и анализа на моментална ситуација

Day 1,146, 09:13 Published in North Macedonia North Macedonia by Mr.Tasev


Здраво драги читатели , овие денови на Македонија и се случуват многу работи , едни губат , други профитират , трети се рагаат под Македонското знаме во еСветот . Веќе сите знаете дека битката за Софиа ја изгубивме , мислам дека тоа беше поради не искуството на еМакедонците во војните , во битката водевме со 5:0 , речиси сите со тоа си рековме дека Софиа е наша и дигнавме раце , таа наша грешка ја искористија бугарите и направија пресврт победувајќине со 5:8 , така кажано ја изгубивме софиа од раце , со ова добивме поука дека не треба да се предаваме и дека треба да се бориме до крај . Денеска бугарите ја нападнаа Источна Македонија , денеска ако сакаме да ја одбраниме Источна Македонија треба да се служиме со поуката од вчера. Моментално водиме со 2:0 во битки а на еден час до крајот на 3-тата битка имаме доста голема предност , но не значи дека така лесно и ќе ја добиеме . Исто така во тешка ситуација се и нашите брака Турците , тие моментално имаат 2 активни фронта и Marmara е под окупација од Бугарите , што значи дека неможеме да очекуваме голема помош од нив.

Додека еМакедонија и еТурција се во тешка ситуација , фирмите за леб во еМакедонија ја искористуваат оваа ситуација и профитираат . Тие овие денови значајно го накачија лебот кој достигна цена и до 0,80 денари , во оваа ситуација тие треба да ја намалат цената на лебот за играчите да имат можност да купат повеќе леб што значи повеќе инфлуенс во борби.


ЗАТОА АПЕЛИРАМ ДО СИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ЛЕБ ДА ЈА НАМАЛАТ ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ АКО НЕ САКАТ ДА СЕ РАЗБУТАТ УТРЕ ПОД ОКУПАТОРСКО ЗНАМЕ НА ТАТАРИТЕ !
ИСТО ТАКА АПЕЛИРАМ ДО НОВИТЕ ИГРАЧИ ДА НЕ СЕ БОРАТ ДО 15 ЛЕВЕЛ ИЛИ АКО НЕМААТ ДОВОЛНО СРЕДСТВА ДА НЕ СЕ БОРАТ НА СВОЈ ГРБ!!!