Предлог до сите министерства, највеќе до образование и одбрана.

Day 1,146, 02:55 Published in North Macedonia North Macedonia by Mr.DarkAlex

Имам еден предлог кој не само што треба да им се објасни на најновите играчи туку и на оние кои мислат дека се искусни но не се. Како прво треба да се распределат некои работи како на пример кој да се бори и како да се бори, а не безглаво да влегуваат во битките како сите оние кои што мислат дека се јаки. Најдобро ќе биде да се распределат малце работиве кога се во прашање битките, да се знае кој и колку да се бори, а не да се испукаат и после тоа да немаат ни пари ни злато ни здравје за да можат да се оддржуваат на 100ка, и после тоа патат фирмите и целата економија, а и над се лесно се губат битки и како што видовме и војна.
Мојот предлог е да се направи граница кој да може да се бори и колку да се бори (нешто од рж. слично ко на времето на 18год. во војска да се иде, не предходно 😁
На пример сите од 500 до 1000 сила да се борат само неколку пати, колку да направат некаков ефект а и после тоа пак да можат самостојно да се оддржуваат и да можат со 100 здравје да работат, тренираат и другиот ден пак да се борат. А тоа малце злато или МКД што го имаат да го донираат на оние кои прават многу повеке штета со еден утепан противник одколку они со 10.
Можеби грешам, но мислам дека ефектот во битките ќе биде многу поголем доколку направиме една квалитетна армија на играчи кои со наша поддршка ќе можат безгрижно да се испукуваат во битките, а не сите безглаво да влегуваме во битките.

Поздрав.