Како се игра во време на војна ???

Day 1,144, 12:37 Published in North Macedonia North Macedonia by Boris Mitrevski

Како што знаете веќе започна долгоочекуваната војна со нашиот источен сосед кој ги смена сите можни страни во играва како и во РЛ.Војна се добива само со добра организација,посветеност и пратење на хиерархиските наредби.Време е да ја оставиме досегашната преокупација со политика и да се посветиме на државниот интерес кој треба да биде на прво место.
.Е сега сакам да ви дадам неколку совети како се игра во време на војна, но морам да ви посочам еден пример за организирана држава.Тоа е Словенија која ни покажа како и малите држави можат далеку да стигнат само и само со добра организација.

-Никогаш не се пукајте уште на првата рунда со целата сила.Најдобро војување е кога силата ќе се распредели рамномерно во сите рунди.
-Не брзајте да се борите на почетокот на рундата,секоја рунда трае 2 часа од кои последните 5 минути се клучни за конечниот исход.
-Не злоупотребувајте ја војната за личен интерес,држете ги цените на производите на нормално ниво.Џабе ќе ви се парите кога еден ден ќе се разбудите со окупаторско знаме под аватарот и ќе ги плаќате даноците во туѓа каса.
-Апел до послабите ако се во можност да помогнат со донации дали кон НБРМ или кон некој од стотината 1к+ играчи со сила.1к+ сила прави неколку пати повеќе штета.
-Доколку во последната минута видите дека има голема разлика во проценти во наша корист не е задолжително да пукате,чувајте се за наредната рунда затоа што иста е победата и со 50.01% и со 99.99%,разликата е само во непотребно потрошеното злато.
-И за крај да напоменам дека МОРА да се следат наредбите на #eMKD и на претпоставените без провокации и навреди и мора да се издржи и до раните утрински часови.Гледам сега има околу 400 души на чат и сум оптимист,за првите 2 рунди,но да не дозволиме сабајле да не бранат само 20 души.
http://www.erepublik.com/en/military/battlefield/3252

македонски крвопис
МнМ/ПнП