Да ги запознаеме еМакедонките!!! [Новогодишно издание]

Day 1,137, 05:21 Published in North Macedonia North Macedonia by Martin Tashkoski

Почитувани читатели!


Денес имате можност да го читате новогодишното издание од продолженијата "Да ги запознаеме еМакедонките". Големо благодарам на сите кои што ги гласавте првата две статии да дојдат во топ 5. Полека, полека ги запознаваме дамите од Македонија. До сега беа интервјуирани две на ред е и третата 🙂


Не сакам да го загушувам медискиот простор да има можност и другите статии да бидат прочитани затоа и ги пишувам моите на подолг период.





Во ова продолжение имам чест да ви ја претставам даматa Girl from MACEDONIA која воедно е и нов член во армиската единица Лавови. Оваа наша Македонка има досега освоено четири медали: 2 Hard Worker, 2 Super Soldier што значи вредна дама.





Позитивно сум изненаден што досега сите покани за интервју ги прифатија сите дами. Сакам да им кажам на другите да не се лутат што некои се пред нив испрашани 😃 Ќе дојде и вашиот ред.


Додека читате можете да уживате во оваа прекрасна македонска песна со која ги поздравувам сите Македонци Линк за песна



П: Кое е твоето вистинско име, колку години имаш и каде живееш?

О: Па се викам Наташа . Имам 17 години и живеам во Охрид.


П: Работиш/учиш/студираш?

О: Сеуште учам (сепак задолжително е и средново) во Економското училиште исто во Охрид.


П: Кога и како почна да ја играш оваа игра?

О: Вториов живот почнав да го живеам неколку дена пред бејби бумот на покана од една моја драга личност.


П: Што ти е најинтересено во играва?

О: Најмногу сакам да читам разни статии, да тренирам и секако да војувам, да исполнувам мисии,иако тешко некако ми одат..


П: Кои се твоите цели во еРепублик?

О: Основна цел ми е да и помогнам на еМакедонија за што повеќе да се развиват и дај Боже еден ден да станиТ и најмоќна.


П: Дали досега си повикала некоја другарка?

О: Сум повикала ама не се баш многу заинтересирани..😒


П: Кој ти е најдобар другар/ка во еРепублик?

О: Нaјдобар пријател ми е Игор а со другите само соработувам..


П: Дали си помислила да се откажеш?

О: Не сум помислила и не се откажувам ни кога ке ја постигнам мојата цел..


П: Колку време дневно поминуваш играјќи ја играва?

О: Точно не знам ама па доста време некогаш дури и само гледам битки кога ќе имам завршено со сите работи,а отсега уште повеќе затоа што станав дел од првата македонска бригада "Лавови"!..


П: Дали досега дошол некој принц на бел тенк?

О: Хех..Да дојде принцот ама не на бел тенк туку на хилихоптерче и не е тајна еве гo Принцот.


П: Дали мислиш дека еДамите добиваат доволно внимание?

О: Со оглед на тоа дека не има во многу мал број и малку сме невообичаена појава сепак еве оваа статија е еден чекор, иако не се буниме и за поголемо внимание и доверба..


П: Дали еДамите во оваа игра се само поубав, или и појак пол?

О: Поубав сме а појак пол не сме ама ние никогаш нема да се откажиме и појќе ќе се докажиме.


П: Кратка анализа за состојбата во државава?

О: Па не сум многу запознаена но сепак..Политички сме тро занишани и необединети, економски не на некое ниво многу треба да се развива сеуште е на почеток, имаме малку активни играчи најпрво ние да се развиеме како поединци..Реално и општо гледано не е многу лоша но сепак очекувам многу подобра ситуација во иднина.


П: Дали мислиш дека треба да почнеме војна со некоја држава?

О: Иако нестрпливо ја чекам и јас а и сите останати борбата со Гејлада 😳 која одамна се најавува но сепак сеуште мислам дека не треба да избрзвиме затоа што колку и да не сакаме да признаеме сепак тие се на едно повисоко ниво од нас имаат подобра состојба поискусни играчи и тоа засега би било пропаст за нас..


П: Дали би присуствувала на следниот еРепублик собир?

О: Би сакала..


П: Омилен пијалок?

О: Да бидам искрена обожавам црвено вино.


П: Омилен тип на музика?

О: Па во принцип слушам се од народно до класика..


П: Топ 5 листа на омилени песни?

О: Немам некој посебно ама еве на овие ми текна
1. Train - Shake Up Christmas - Coca-Cola Version

2. Makedonija - Biser Balkanski

3. Vo svetot na bajkite

4. Zauvijek Moja - No Name

5. Vlado Janeski - Od Ovoj Den


П: Омилен филм?

О: А од филмојте Сам дома


П: Омилено место за релаксирање и забава?

О: Омилено место.. островчено во Охрид(староно пристаниште) заедно со принцот..


П: Нешто за Македонките кои играат еРеп.?

О: Епа дами да им покажеме дека не сме само поубав туку сме и посилен пол..


П: Што би им порачала на искусните играчи?

О: Па правете бебинја, упс еБебиња мислев, не се двоумете..


П: А што би ги советувала поновите играчи?

О: Јас не се откажав немојте и вие и не трошете се залудно има време ќе војувате и вие..


П: Нешто што не те прашав а сакаш да кажеш?

О: Целта на војната не е да загинеш за својата земја туку да натераш што повеќе кучкини синови од другата страна да го направат тоа..


На сите Македонци каде и да сте Ви пожелувам Среќна Нова 2011. Во наредната година да имате многу здравје, среќа и успех а другото ќе си дојде само по себе. И за крај една порака од мене до сите:






Ваш Мартин Ташкоски