Ајде да се насмееме малце...

Day 1,135, 02:36 Published in North Macedonia North Macedonia by Smihajlo

Од ден на ден гледам дека тензиите се се поголеми стари играчи,нови играчи ,политика,измама,крадење ,плукање и што уште не.Некои луѓе едноставно го обвинуваат македонскиот менталитет или како најпознат пример „козата на комшијата“ мислам дека сите го знаат па нема потреба да го пишувам.Мое мислење е дека сите само се жалат ,а не се обидуваат ништо да превземат нешто и тоа е всушност вистинскиот проблем.Верувајте за 20 години многу повеќе ќе жалите за нешта кои не сте ги направиле отколку за оние кои сте ги направиле.
Моето лично мото е „Секој ден биди подобар човек“ не е важно дали ќе одвоиш 10 денари или 1000 денари не е важно дали ќе отстапиш место на постар човек во автобус или ќе спасиш цела зграда со луѓе важно е да направиш нешто ,било што колку и да изгледа незначително стори го тоа не поради тоа што е корисно или поради лично задоволство дека си направил нешто добро туку едноставно поради тоа што си сторил нешто добро.

Па еве сега малце да се насмееме:





Мујо е закон, пак!
Влегува во авион адвокат и го сместиле на седиштето до Мујо. Адвокатот понизно го измеркал Мујо и си мислел: припрост сељак, дај малку да утепам време со него.



Па го прашал Мујо: Ајде малку да утепаме време, да играме некоја игра?



Мујо: Ма, уморен сум...

Адвокатот: Ајде вака, јас ќе те прашам нешто ако не знаеш ти ќе ми платиш мене 5 евра, а ако јас не знам ќе ти платам тебе 500 евра.

Мујо го гледал: Е, Ајде де ајде!

Прашува адвокатот сигурен во себе: Колку е оддалечена земјата од месечината?

Мујо извадил 5 евра: Не знам.

Адвокатот: Ајде прашај ме сега ти мене

Мујо: Што е тоа оди нагоре со три нозе, а се симнува надоле со четири?

Адвокатот мислел...отворил лаптоп, гуглал...никаде нема одговор.
Поминал 1 час, ништо не нашол па вади од новчаникот 500 евра и му ги дава на Мујо. Мујо ги зел парите и продолжил да спие. Овој уште се мислел...

Не можел да издржи па го разбудил Мујо:

- Па добро, што е тоа што оди нагоре со 3 нозе, а надоле со 4?

Мујо му дал 5 евра и му рекол: Немам појма!


-crnobelo


Кога завршив со читањето на овој виц за момент забоавив на сите грижи околу мене еденоставно чуство кое не може да се опише со зборови.Затоа смејте се секој ден од дното на душата и не заборавајте секој ден да направите барем едно добро дело.
И за крај никогаш не заборавајте дека секој ваш збор и секое ваше дело колку и да изгледаат мали и незначителни оставаат трага на светот и го променуваат засекогаш.

П.С Среќни божиќни и новогодишни празници

-Симевски Михајло


V+S