Интервју со претседателот на Ваша еПартија

Day 1,134, 11:18 Published in North Macedonia North Macedonia by Macedonian Ruler

Почитувани читатели, вие го читате првиот број на дневниот весник “Македонска Авангарда”.

Овој весник е основан со цел да им понуди на граѓаните на еМакедонија точна и навремена информација. Сметам дека правото точна и брза информација полека се задушува и ускратува во еМакедонскиот медиумски простор од сите тие спамови и тн. Турбо – фолк статии . А со тоа и еМакедонското новинарство станува неквалитно и необјективно .

Токму затоа сметам дека има потреба од еден ваков весник, кој ќе придонесе за едно поквалитетно новинарство во Македонија и ќе им понуди на читателите широк спектар на теми за читање, од едукација, формули за успешен бизнис, најефикасни начини за пресметки на ранк инфлуенс, интересни интревјуа па се до забава, дебати, колумни , политички и економски анализи и секако корисни совети за играчите.

За првиот број на овој весник спремивме едно ексклузивно интервју со претседателот на опозиционата ваша еПартија Бобан Пановски . Интервјуто следува подоле :


1. Можете ли да ни се претставите накратко?

- Здраво прво би ти се заблагодарил на поканата . Јас сум Бобан Пановски учам во гимназијата Гоце Делчев од Куманово и сум четврта година.


2.Многумина за вас знаат да кажат дека сте лидерот на опозицијата. Дали е тоа точно?

-Па вака јас сум претседател на најголемата опозициона партија, но не се чуствувам како лидер на опозицијата.


3. Дали во иднина се гледате себеси како лидер на опозицијата?

- Не, јас се кандидирав на изборите да ја видам Македонија од друга страна .


4. Дали очекувавте толку лош изборен резултат на ваша еПартија ?

- Па ќе ви кажам искрено овие избори беа тест за да проверам колку имам подршка од еМакедонскиот народ . Од наредните почнува преродбата . xD


5. Каде ја гледате грешката за лошиот изборен резултат на ваша еПартија ?

- Не, јас не направив никаква грешка .


6.Велат дека во вашата партија најголем дел од членството е собрано од незадоволните играчи на ОеМ, т.е од незадоволните играчи што неможеа да добијат гласови на внатрешното гласање од ОеМ па затоа преминаа кај вас. Дали има вистина во ова ?

- Гледајте вака јас не ги викав членовите, тие сами дојдоа . Но, мило ми е што се собравме во голем број .


7. Дали позади ваша еПартија стојат заеднички здружените сили на МТО и SS ?

- Позади Ваша еПартија стојат SS и MTO , но и сите еМакедонски граѓани .


8. Како одговарате на обвинувањата дека вие како опозициона партија сте одговорни за плукањата врз власта и "поискусните" играчи ?

- После изборите излегоа многу статии кои не ми се допаѓаа , но сепак тие се власт и можат да кажат што сакаат . Од моја гледна точка не ми е јасно какво плукање.


9. Дали сметате дека со повеќе партии во еМакедонија политиката веќе ги подели Македонските играчи да работат еден против друг ?

- Мене ми се допаѓа овој повеќе партиски систем . Не би требало да ги подели сепак сите се бориме за иста цел слободна еМакедонија


10. Твое согледување за состојбата во еМакедонија ?

-Па ситуацијата со житото е лоша , но се надевам ќе се поправи .


11. Дали на еМакедонија во моментов и треба војна ?

-Вчера излезе една статија http://www.erepublik.com/en/article/-1-1618187/1/20 и тоа е добар план и за размрдување на еМакедонската војска и за паравоените единици , а со Грција и Бугарија не би требало да има.


12. За крај твоја порака до целата еМакедонска јавност и сите граѓани на еМакедонија?

-Па прво за постарите: продолжете така и требате на еМакедонија.
А за помладите : Не се тепајте до 17 левел бидејќи така и правите штета на Македонија
.



За самиот крај ја оставивме вашата омилена рубрика драги читатели :




VOTE AND SUB




Ваш Macedonian Ruler