Да се размрдаме малку...

Day 1,133, 04:32 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

Отворете чат пат компании за продажба. Главно - нема да најдете нешто многу солидно, но понекогаш може да се најде понекој бисер. Еве денес... дајте малку да направиме економско раздвижување. Некој продава Q3 компанија за храна:
http://economy.erepublik.com/en/company/fast-food-macedonia-2-licence1/248486
компанијата поседува лиценца (која вреди 20 злато) и самото трето ниво - за да се дизајнира, ќе ви се потребни 90 злато. Што ќе се рече - добивате лиценнца џабе - бидејќи човекот си ја продава компанијата сосе лиценца токму за 90 злато. Бизнисот е на место, со напомена дека моменталните увозни даноци на унгарците не се баш сјајни (имаат 40% данок на увозната храна). Според мене, купувањето на оваа компанија не е голем ризик, бидејќи можно е унгарија која постојано војува да ја промени таксата за увозна храна, па да испадне дека купувачот има ќарено 20 злато... Спротивно, оние 90 злато ќе си ги бркате во Македонија...

Имаме и втора компанија која вреди да се купи (ако имате злато). Вреди 40.01 злато, а нуди околу вредност од околу 110 злато. Имено, што имаме...
http://economy.erepublik.com/en/company/q2-2-lic-raw-mkd/196795
Имаме компанија со 2 лиценци (40 злато), од кои едната е солидна, едната промашена (ако сте заинтересирани, разгледајте). , во компанијата има згора на се уште и над 1000 железо (тоа се нешто над 2 злато), а во описот вели дека има и денари (прашање е дали и колку има, веројатно не повеќе од 1 злато), но во секој случај - Q2, сосе железо, и евентуални пари... Баеги ефтино (ако имате 40.01 злато)...Ако уште имате и свое железо - тогаш ова е ЏАБЕ!

Од исплатливите компании има уште две компании за Q2 храна, кои се продаваат под својата реална цена: двете се по 37 здлато, а вредат по 40. Сепак, како еден од сопствениците на компанија за храна, ви велам - крајно е чуден соодносот храна-жито, што овие компании ги прави во моментов речиси неисплатливи (освен ако имате своја житна компанија).

Останатите компании се релативно несиплатливи. на пример житница за 30 злато... 40 кошта основање своја, но 20 се на нејзиното конто... Ако го повлечете златото, ќе ви биде одземено 11% данок, т.е. компанијата ќе ве чини реално околу 22.2 злато - со мала незгода, што треба да имате 40!

Од мене толку... на ред се луѓето кои имаат 90 злато (првата) 40 злато (втората) или 37 злато (храна).

П.С: Забелешка од читател на статијата - еве уште една извонредна понуда: http://economy.erepublik.com/en/company/alexxx-hleb-2-licence/250787 (Q3 со лиценци за Бразил и Србија)