Колку сте паметни ???

Day 1,130, 11:38 Published in North Macedonia North Macedonia by Apokaliptic

Драги мои еМакедонци, една од најважните работи кои се потребни за да просперира оваа наша еМакедонија покрај бејби бумовите и добрите сојузници е интелегенцијата на нашиот народ.

Ова пред се е стратешка игра и тука помага само користењето на мозокот а не на мускулите, освен се разбира ако не истепате некој администратор за да ви помогне да мамите 🙂.

Бидејки е тоа така одлучив да направам еден тест за интелегенција, во кој ќе можете да ги испробате вашите интелектуални способности.



Совет: Внимателно читајте ги прашањата зошто има и трик прашања 🙂.


Правилата се лесни:

-Времето е неограничено (односно имате цел ден).
-Одговорите давајте ги во коментари формулирани на следниот начин:
1. вашиот одговор
2. вашиот одговор
3. вашиот одговор
...и така натаму.
-Не барајте некој друг да ви ги каже одговорите.
-Не препишувајте од туѓите одговори во коментари.

Јас нема да можам да знам дали мамите, а нема ни да се потрудам да дознаам. Оставам на вашата совест и желба вистински да се докажете.


Спремни!
Почнуваме!


1. Влегуваш во темна и ладна соба. Со себе носиш едно кибритче. Во собата имаш свеќа, газиена ламба и ќумбе. Што прво ќе запалиш?

2. Тројца косачи искосиле една нива за два дена. Колку дена ќе им требаат на шестмина косачи за да ја искосат истата таа нива?

3. На Македонско-Српска граница се отелила крава. Чие е телето?

4. Ти си ми син, ама јас не сум ти татко. Кој може да ти го каже ова а да биде вистина?

5. На Јапонско-Кинеска граница пораснала јаболкница. Чии се јаболката?

6. Петел снесува јајце на средина од покривот на една куќа. На која страна на покривот ке се стркала јајцето?

7. Каков е црнец кога ке излезе од Жолтото море?

8. Колку зрна ориз има во еден килограм?

9. Двајца пријатели оделе на фудбалски натпревар, по пат сретнале двајца свои пријатели. Колку вкупно од пријателите отишле на натпреварот?

10. Имаш две туби едната од 5 а другата од 3 литри. Треба во нив да наполниш точно 7 литри а немаш никакви мерни инструменти. Како ќе го изведеш тоа?


Можете да си послушате и малку музика




Бодувањето и точните одговори на прашањата ќе бидат објавени во следното издание на мојот весник, т.е. во следниот артикл.
За жал јас сум си сиромав и нема да делам награди 🙂


За на крај, одморете си ги очите со јапонкава 😃