Помош од поискусните еИграчи кон понеискусните...

Day 1,127, 10:46 Published in North Macedonia North Macedonia by answerot

Целта на ова статија ми е да се разјасни на понеупатените еМакедонци како со своите фирми би биле корисни за:
1. еМакедонија,
2. за самите себе,
3. за другите играчи во играва.

Ве молам како поискусни еИграчи споделете го вашето искуство и во кратки црти објаснете:
-Која е предноста да се биде сопственик на компанија за горенаведените точки и на кој начин побрзо би ја постигнале сите заедничката цел (на сите да ни е арно).
Значи би сакал сопствениците на фирми да раскажат поубаво како на пример која ќе биде мојата помош за еМакедонија ако отворам фабрика за леб,оружје...и така натаму.Исто така која ќе биде мојата поволност ако отворам таква фабрика (за работниците веќе мислам сите ја знаат целта, работат за пари).

Ве молам ако можете бидете подетални во коментарите со која индустрија што и како се работи.

Со Почит !