Тензијата со еБугарија се намали!!!

Day 1,123, 09:08 Published in North Macedonia North Macedonia by Georg the macedonian

После долготрајното прекупување од двете земји со најразлични закони и финалето кое дојде со обострано прогласување за природен непријател, ситуацијата со еБугарија конечно се разреши со обострано отфрлање на законот. Иако гласовите беа мнозински со ЗА за двете страни ,2/3 тинскиот модел на изгласување на законите не беше задоволен, при што не дојде до војна помеѓу еБугарија и еМакедонија.
Тоа кажува дека овие две нации сеуште не се подготвени за војна меѓу себе. Сега следен предизвик е како ќе постапиме со нашата економија и цените кои беа предизвикани со носењето на новите закони кои беа истотака зголемени поради оваа ЛАДНА ВОЈНА.
Но ембаргата од двете земји стапија на сила и оние кои имаат лиценци не можат да тргуваат меѓусебно.