Касни -Порасни

Day 1,122, 04:41 Published in North Macedonia North Macedonia by Boris Mitrevski

Ајде да видиме кој читал лектири 🙂
Гледам денеска ќе биде малку полабав ден нема некои многу значајни битки од стратешка важност за Македонија,освен ако не не изненадат од исток.
Економската ситуација колку-толку се стабилизира во однос на платите и цените иако би ви препорачал уште од сега да купувате залихи во храна и оружје.
На политички план исто така застанавме цврсто,најголемата партија го доби вистинскиот човек за лидер.

Бидејќи нема што многу да се пише чачкајќи по интернетов ја најдов првата лектира што сите некогаш сме ја прочитале Касни-Порасни (сигурно некој и оваа не ја прочитал хД).Па кој не ја прочитал,никогаш не е доцна еве му шанЦа.

ЦРЕША

Како прво и прво црешата се
вцрви до врвот од црешовото дрво,
а како второ, а не прво,
се тресеше целото дрво
кога од неговите ветки
беревме црвени обетки.

ЈАГОДИ

Ко жарчиња в лице горат,
мислиш нешто срамно зборат
или пак на сите места
од нас им се зема свеста,
па одвај го држат сокот
за да не му мине рокот

КАЈСИЈА И ПРАСКА

Кајсијата и праската лично
си ја бараат својата сличност
и си светат кој знае до каде
тука нема што да се додаде,
без нив и ти можеби си видел
во бавчата потемно ќе биде.

ЈАБОЛКА

Јаболкниците имаат болка
не знаат што се без јаболка,
без јаболка и без птици
тие не се јаболкници,
јаболката, пак, од ред сите
си се мислат на гранките.

КРУША

Крушата е чудна чаша,
до врв полна слатка каша,
ене една кренал ежот
да измери колку тежи,
кај нас велат земи круша,
рани душа да те слуша.

ЛУБЕНИЦА

Ах, таа лубеница, таа деница
среде поле ко негова реченица,
дали има нешто повеќе што блажи,
не може со полна уста да се каже,
само една пчела остана да бучи
верувајќи дека друго ќе се случи.

ГРОЗЈЕ

Глеј, од лозјата не вика
сака со нас да се слика,
но, над него пчели јато
со прочуено минатот,
се караат и се мират,
првата ја пијат шира.

СЛИВА

Е, сливата не е жива
ако некој ја прозива,
за компот или за слатко трајно
или за нешто позначајно,
не знам зошто и е криво
што влегува во нов живот.

СМОКВА

Зелено е вирче роса,
торбе полно ситно просо,
низа на врат што се носи,
но најмногу од се е
слаткараница што умее
од теглата да се смее.

БАНАНА

Има една лоша страна,
само една мана знајна,
што не расте и кај нас,
но што значи
една мана
за позлатената банана.

ПОРТОКАЛ

Мирислив и жолт ко цвеќе,
а можеби и повеќе,
од родната земја, крајот,
му останал само сјајост,
како доказ спомен некој,
дека дошол од далеку.

ЛИМОН

Ако можеш намини
на свежи витамини,
од сончеви падини,
лимонови градини,
и здравје и понада
во чаша лимонада.

ОРЕВИ

Во секој орев јатки златни,
ко сестрички чистопатни,
уплашени во своите лица
што ги демне верверица,
уште не можат да сфатат
од кај паднале на патот.

КОСТЕНИ

Каква есен, каква есен,
не знам колку костени ни снесе,
сега надвор врне, снежи,
а ним им гори, жежи,
си пукаат на печката гласно,
како ништо да не им е јасно.

🙂


И за крај бонус трак во склоп на снежниов ден

Бела бела белина
како в сон постелина
бел е ридот и гранките
пуштете ги санките


п.с. Секој да научи барем по една песничка бидејќи утре ќе ве испрашувам и ќе ставам оценки на рака и тоа со црвено пенкало хД




МнМ/ПнП