Да ги запознаеме еМакедонките!!!

Day 1,119, 15:49 Published in North Macedonia North Macedonia by Martin Tashkoski

Драги читатели!!


Последниов период забележав еден странски играч, којшто во својот весник имаше направено неколку интервјуа со дамите од неговата држава. Интервјуата беа супер прифатени од пред се машката како и женската популација во неговата држава. Инспириран од тоа решив и јас да направам една акција да ги запознаеме нашите еДами, нашите убави и храбри еМакедонки.




Со овие интервјуа би сакал подобро да ги запознаеме нашите сограѓанки. Засега нема многу активни играчи од женскиот пол, но се надеваме нивниот број ќе се зголеми со текот на времето. Дотогаш ќе им обрнеме внимание на оние кои што се веќе дел од нас.


Во првото интервју имам чест да ви ја претставам Elena88eli која моментално се наоѓа на 1678 место во Македонија. Таа досега има освоено само два скромни медали: 1 Hard Worker, 1 Super Soldier и е член во армиската единица Лавови.





На повикот за интервју Ели одговори позитивно и беше одлично расположена за разговор па еве го разговорот со нашата храбра еМакедонка:


П: Кое е твоето вистинско име, колку години имаш и каде живееш?
О: Елена, 22 години и живеам во Скопје


П: Кога и како започна да ја играш оваа игра?
О: Ги гледав вестите на Сител телевизија, од таму слушнав за играта и 2-3 дена подоцна се
вклучив


П: Кои се твоите цели во еРепублик?
О: Па пред се, се надевам дека ќе помогнам на еМакедонија колку што можам и да придонесам да има повеќе еМакедонки 🙂


П: Дали досега си повикала некоја твоја другарка?
О: Ги убедувам другарките ама малку потешко се вклучуваат, за разлика од моите другари


П: Колку време дневно поминуваш играјќи еРепублик?
О: 2-3 саати дневно


П: Бидејќи си член во единицата Лавови дали може да ни кажеш што те натера да се пријавиш во армијата?
О: Па јас благодарение на понудата со Q5 куќите почнав да се борам. Потоа прочитав статија за реформи во армијата и дека се откажувале војници, па затоа решив да се пријавам и да помогнам колку што можам, иако сеуште немам сила многу


П: Дали би им препорачала на сограѓаните да се пријават во армијата и зашто?
О: Да секако, особено оние кои имаат повеќе сила, позабавно е да се бориш во друштво, особено заради тоа што има многу смеење на чатот дури се подготвуваме за битка, а и побрзо се напредува


П: Каква е состојбата во Македонија од твоја гледна точка?
О: Според мене состојбата е одлична, земајќи предвид дека сме млада држава. Ми се допаѓа тоа што сме многу сложни во играва (барем јас имам таков впечаток 🙂 )


П: Дали мислиш дека треба да почнеме војна со некоја држава?
О: Мислам дека во моментов не. Знам дека постарите играчи со нетрпение го очекуваат тоа но мислам дека колку повеќе време поминува, толку повеќе послабите играчи како мене зајакнуваат и со тоа ќе можеме да направиме поголемо влијание во битките што следат


П: Твој омилен пијалок?
О: Вода, не сакам многу алкохолни и газирани пијалоци


П: Омилен тип на музика?
О: Слушам скоро се, ама најногу Македонска музика


П: Омилен филм?
О: Па не можам да издвојам еден, гледам многу филмови, единствено правам разлика помеѓу добар и лош филм, независно од жанрот, ама еве во последно време многу често гледам некои постари филмови, кои оставиле впечаток, особено оние поврзани со историски настани


П: Што би им препорачала на еМакедонките на играва?
О: Па да не се откажуваат од играва, зошто и онака сме малку и се надевам дека ќе се видиме следниот пат кога ќе има собир


П: Нешто за крај дали сакаш да кажеш, а не те прашавме?
О: Би сакала да ги поздравам сите еМакедонци и еМакедонки


П: Елена ти благодарам за одвоеното време, и безрезервните одговори
О: Благодарам што ја имав честа да бидам првата еМакедонка која дава интервју





Доколку некоја од еМакедонките сака да биде следната која ќе Македонците ќе може да ја запознаат подобро нека ми пише порака 🙂

И за крај би препорачал Македонци почитувајте се меѓусебе, не се навредувајте напротив сакајте се и нормално правете еБебиња (нормално се однесува на машко женските еОдноси) 🙂


Ваш Мартин Ташкоски