Избор за претседател на ОеМ

Day 1,114, 10:56 Published in North Macedonia North Macedonia by Boris Mitrevski

Почитувани еМакедонци,
следуваат изборите за претседател на најголемата партија во еСветот.Како што знаете тие ќе се одржат на 15ти декември.Имаме доволно време за да избереме официјален кандидат.
Прво сакам да ве повикам да не се пријавувате самоиницијативно и за џабе да фрлите по 2 златника кои се користат само за маркетинг и за ништо друго.Втора работа е што официјалниот кандидат ќе биде поддржан од целото членство затоа шансите за успех без предходна партиска поддршка ви се еднакви на 0.

Услови за кандидат
-Да е член на партија
-Минимум 20ти левел
-Добар координатор и искусен играч
-Да биде уважуван меѓу членовите и со чисто минато во играва
-Да изготви мала програма како ја гледа партијата во иднина и план на работа и да ми го достави на ПП.(опишано во неколку реченици),но прво мора да се пријави ЈАВНО на темата на ФОРУМ

Пријавување и гласање

Пријавувањето започнува денес и ќе трае до сабота во 12 часот 11.12.2010.Намерно давам скоро 3 дена можност за да имаат време кандидатите да се подготват и да размислат дали би сакале да превземат вака одговорна функција.После тоа веднаш ќе се премине на гласање.Право на глас ќе имаат сите членови со над 17ти левел.
Пријавувајте се и среќно

МнМ,ПнП