Мојот прв новинарски пост

Day 1,112, 17:19 Published in North Macedonia North Macedonia by PhoenixMK

Здраво мои сограѓани еМакедонци.

Неодамна започна акцијата Македонска Медиа Могул Акција (МММА) . Со оглед на големиот број весници во еМакедонија, цел на оваа акција е на секој весник да се претплатат 1000 играчи и новинарот да го добие медалот Media Mogul а средствата добиени од мапата за богатство да се донира на државата.
Се што треба да направите е, доколку имате весник истиот да го пријавите а останатото е во рацете на граѓаните односно да ги добиете посакуваните 1000 претплати а со тоа и сјајното златно медалче во вашата витрина а доколку немате весник да им помогнете на вашите соиграчи со претплата на нивниот весник 🙂 Тоа е првата фаза

За добиен медал Вие добивате и мапа со богатство односно познатата Treasure Map. Овде настапува втората фаза а таа е добиеното злато од Вашата мапа да го донирате во Државни Воени Резерви односно на еДржавата. Веќе се имаат пријавено околу 160 весници (иако бројот на весници во еМакедонија е два пати поголем), а ако земеме в предвид дека од една мапа со богатство просечно се добива околу 4.0 - 4.3 единици злато.... да не должам многу со математики, кратко речено, од една страна, ќе добиете добро претплатен весник и медал а од друга страна пак со вашите средства ќе и помогнете и на нашата млада еДржава која допрва ја чекаат тешки предизвици. Затоа мои сограѓани, доколку имате весник а сеуште не сте го пријавиле сторете го тоа. Доколку сеуште не сте се претплатиле на сите весници, сторете го тоа. Работата воопшто не е сложна така да истата нема да ви одземе повеќе од 10 минути. Затоа драги мои есограѓани, да се потрудиме ЗАЕДНИЧКИ оваа акција да заврши успешно. ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ!!

Дополнително во статијава ќе го поздравам влегувањето на еМакедонија во семејството Феникс. И веќе е официјално, еМакедонија е членка на Феникс и тоа ТОТАЛНО ЗАСЛУЖЕНО!!! Иако на почетокот наидовме на пречки од страна на некои своеглави и искомплексирани индивидуи од нашиот источен сосед (нема потреба од цитирање кои се, се знаат) пред се поради националистички цели и истото придружено со анти-македонска пропаганда, еМакедонија не потклекна и трпеливо го чекаше овој момент. На мое и претпоставувам на Ваше задоволство другата страна потклекна т.е. падна во дупката што ја копаше..

Во чест на еМакедонија како членка на Феникс ќе споделам со Вас мој аватар кој може слободно да го користите па и да се стави како официјално лого на еМакедонија во Феникс доколку секако им се допадне на нашите државни раководители.



HAIL MACEDONIA!
HAIL PHOENIX!


И за крај, во еМакедонија се формираше воено - економски и политичка организација под името АрМакедон во која членуваат дваесеттина на многумина од Вас многу добро познати и докажани играчи и неколку нови и активни членови. Организацијата има сопствено лого и е наменето само за членовите на АрМакедон. Логото или аватарот на организацијата стана многу популарно меѓу играчите и многумина си го присвоија а со тоа внесоа конфузија за тоа кои се правите членови на организацијата. Затоа би напоменал до оние играчи кои го носат логото на организацијата АрМакедон а не се нејзин член, да го отстранат истиот од профил и да не го злоупотребуваат. Доколку толку многу ви се допаѓа можеби раководителите на организацијата ќе бидат добри 🙂 и ќе ви дадат сличен аватар но таков кој ќе прави дистинкција од оној што го носат членовите на АрМакедон.



Засега толку од мене. Ветувам дека нема весников нема да го користам како оружје против некого (освен во некои ситуации кога тоа се бара) и најважното дека НЕМА ДА СПАМАМ! Ќе го направам да биде мелем за очи и вреден за читање.

Ваш,
PhoenixMK