Уште колку ни фали!?

Day 1,110, 08:49 Published in North Macedonia North Macedonia by Grmysh

Од кога ни помина заштитата, сите во нашава држава зборуваат за напаѓање на еГрција,за враќање на старите делови и слично...Ги поставуваат прашањата:Кога ке нападнеме?;Што губиме ако нападнеме?;Зарем уште ке чекаме и сл?

Јас ќе одговорам дека најпаметно е да нападнеме кога ке бидеме барем двојно посилни од нив и дека ако нападнеме сега губиме многу многу пари, кои би можеле мн попаметно да ги искористиме!!!

Доволен пример е само стратегијата на еТурција, која е многу постара држава од нас во оваа игра, а Кипар го нападна и го освои дури пред 2 дена...Не е само да нападнеме и да освоиме,туку треба и да ги задржиме тие региони!

Зошто еГрција е моментално појака од нас:

Грција според искуството се наоѓа на 9-то место во светот со 7,127,890 поени или пак 592 во просек по жител!
Македонија ја нема во првите 60 земји!

Грција според бројот на жители е едно место пред нас односно на 11-то во светот со 8,556
Македонија е 12-та со 7,898 жители!

Нивото на ранг на македонските играчи се движи од 18-ти до 20-ти level(во просек)
Нивото на ранг на грчките играчи се движи нешто над 20-ти level (во просек)

Грција има 4 од активните ресурси на играва, додека ние имаме 3(што и економијата им ја прави доста појака со оглед на тоа што имаат повеќе региони од нас)

На крајот може имаме појаки сојузници од нив,но и покрај нивната помош, во евентуална војна се разбира дека македонските граѓани ке носат 80% од тежината на борбата на својот грб!Секоја чест на нашите сојузници,кои се надевам дека максимално ќе ни помогнат, но мислам дека сеуште е рано за војна!!!

Only for the Titans😃