Пекарска сага

Day 1,110, 05:41 Published in North Macedonia North Macedonia by Boris Mitrevski

Пекарството е основниот двигател на нашата економија.Секој еден еЖител сакал или не е дневано мора да купи бар 3 леба за да го покрие здравјето кое се одзема автоматски во играта со секој нов ден,плус она што се одзема после тренинг и работа.
Порано играва беше малку поразлична,немаше баг со кој за еден ден се прави 20голд па и повеќе.Денес веќе со трет ден искуство во играва новиот играч отвара фирма,и тоа погодете каква? стана мода секој да има пекара. Но не е се така розево,ќе отвориме фирма и готово веќе сме напреднале во играва.

-Еве ќе почнам со мојот случај.До пред 5-6 дена се беше ок.Јас како и повеќето стари играчи имав 2 фирми,една за жито во србија,и пекарата кај нас.Но сепак Админот е тој кој одлучува кој ќе живее а кој не.Со нецелосното воведување на новиот модул после неполни 2 дена бев приморан да ја затварам житарата поради намаленото производство и големите плати во Србија.
Со пекарата продолжив да работам мислејќи дека колку толку ќе вадам по некој денар,арно ама изгледа дека многу се излагав.(се надевам дека истово мислење го делат повеќето реални пекари).Цената на лебот падна на неверојатно ниски 0.48МКД.Можеби за обичниот граѓанин и ова е висока цена ,но да ги погледнеме бројките,па сами да сватите дали вреди да работиме.

1.цена на жито 0.08,за еден леб се потребни 6 жита по 0.08 тоа е 0.48МКД(веќе сме ја надминале цената од пазар).На тоа додаваме данок од 0.02 и сме на 0.5.Следува работната рака која изнесува 0.1(просечно еден играч призведува 50-60 леба) по леб и веќе сме на 0.6.
Сега веќе сме na 00.00 но по предпоставка дека сите ќе ни сработат со 100.Јас на оваа сума би додал уште 0.02 од парче профит и 0.01 по парче заштита од камикази или неработење со 100сила,затоа што секој ден има бар по еден таков.Еве ја реалната цена во моментов на лебот 0.63.
2.Втората математика се однесува на цена на жито од 0.9,тогаш цената на лебот би била 0.69....

Aјде сега да ги погледнеме основните уништувачи на нашите фирми а и на целата економија

1.Како прво би ги издвоил мулти профилите кои работат во повеќето од фирмите.Има цели мулти фарми во фирма,ако не знаете како да ги најдете погледнете ја најниската цена на пазарот и влезете да ја разгледате фирмата за се да ви стане јасно.Некои дури ни аватар не успеале да стават.Таквите ја колабираат целата економија,не плаќаат даноци и им работат за минималец.За неколку дена работа отвараат нова фирма за жито и таму создаваат нова фарма.Затоа може ќе е паметно да се крене минималната плата бар до 2,5МКД,одма ќе се удвои данокот од ваквите фирми.(ионака никој не зема плата помала од 3МКД).


2.Втори на листата се камиказите.Тоа се упорните дечки кои ни влегуваат во фирма,работат со 20-25здравје колку да ти ја извлечат платата за пак да одат да се борат.Една камиказа прави штета од 5-7МКД,што е еднаква на профитот од фирмата,значи цел ден работа за нив.Сами има една разлика меѓу нашите и РЛ камиказите,нашиве ја промашиле страната против која се борат.


3.Последни на листава но не и помалку значајни се компаниите(особено оние за жито)кои работат по принципот ДВ.Кај нив дневно влегуваат по 50тина работници,работат и одма ги отпуштаат со цел да го зголемат својот профит.Како прво ставаат вртоглави плати,па потоа и вртоглави цени на житото.


Вчера кога видов што се случува на пазарот не ми преостануваше ништо друго туку да повикам неколку колеги со кои направивме едно пекарско здружение кое ќе работи на канал #pekari каде ќе има и комисија која ќе ја пресметува реалната цена на парче леб.Затоа ве повикувам сите да дојдете на каналот,да се приклучите на здружението и да се заштитиме од горенаведените уништувачи на нашите реални компании.Како препознатлива ознака за нас се договоривме пред името на секоја компанија да стои MKD-LEB.Доколку сите имаме иста цена на пазар со рендом продажбата еднакво би се продавале нашите производи и нема да има вакви големи варијации во цените.
Искрено се надевам дека целава ситуација ќе се среди со воведување на кравите и овошјето и дека цената на лебот ќе се нормализира,а житото ќе ја загуби вредноста.
За крај еве една наша колешка која ми обеќа дека ќе ми го даде првиот вот за статијава,другите вотови и субови ги очекувам од вас 🙂


Еве и еден доказ дека горенапишаново е точно http://www.erepublik.com/en/article/-1-1593893/1/20

ова е весникот на Лазароса,министерот за економија