Нова гео-политичка анализа

Day 1,106, 14:48 Published in North Macedonia North Macedonia by KepenciMKD




Новите правила во еРепублик постепено се воведуваат започнувајќи од денес и како што беше веќе објавено во неколку претходни статии има неколку подобрувања во новиот модул гледано од економски аспект , бидејќи сега компаниите се на државно ниво а не како досега на регионално , па и да биде освоен регионот во кој се наоѓа вашата компанија не ви пропаѓа бизнисот , исто така компанијата не мора да се наоѓа во регионот со high ресурс материјал за да го добива т.н. Бонус доколку има од тој вид на ресурс во државата каде се наоѓа вашата компанија .



Македонија во своите 3 региони доби три различни ресурси и тоа :

1. Овошје (Западна Македонија)

2. Стока (Источна Македонија)

3. Алуминиум (Повардарие)

Така сега Македонија има 2 региони за компании кои произведуваат храна и еден за оружје, а тоа значи сите компании за храна ќе добиваат по 10% бонус на продуктивност или за секој ресурс по 5% одделно како за компаниите за оружје .


На гео-политички и воен план еРепаблик со промените направи сите држави сега да почнат да се стремат кон освојување на региони од сите ресурси пооделно бидејќи ако ги има една држава во посед сите ресурси многу лесно ќе завладее во еСветот како на економски така и на воен план. Со оваа промена сега стратегијата на Претседателот и Конгресот со планови за објавување војна треба да биде насочена во тој правец.



Разгледувајќи ја денес новата светска мапа , како најдобра варијанта за еМакедонија би ја посочил и би ја предложил како предлог за разгледување на Генерал Штабот на АРМ и на воените аналитичари линијата на регионите Софија-Русе-Мунтенија (2 региони бугарски 1 романски – ресурси : железо-жито-нафта ) со што еМакедонија би напреднала на економски и воен план имајќи во предвид ресурсите за компаниите за храна и оружје .



Затоа вклучете се во Армијата на Македонија



Листа од застапеноста со high ресурси одделно по држави на :


https://spreadsheets.google.com/pub?key=0AsriKGc0peKndG5qbmZpa1QzajZFdWtMVkZHeWpDUmc&hl=ru&gid=0



Затоа полнете ги резервите и бидете ПОДГОТВЕНИ