Нови ресурси во производството наскоро = Тотално менување на производството

Day 1,106, 05:57 Published in North Macedonia Turkey by Tehno Petel
ДОБРО УТРО МАКЕДОНИЈООООООООО ВАЖНИ ВЕСТИ!!!!! КУКУРИКУУУУУУ


Текстот е преведен од Англиски на Македонски од мене специјално за Македонците кои не го знаат Англискиот јазик за да ги разберат промените. И ве молам прочитајте го текстов претпазливо за да го разберете, особено газдите на компании. Ова е многу клучна работа да ја разберете за да не се збуните и да испаничите и да отидете во минус.
Нови видови на суровини се откриени

Од денес сите региони ќе нудат понуда од средна (medium) продуктивна вредност за сите ресурси но секој регион ќе биде богат со само една суровина. Расположливите ресурси ќе бидат: Жито, Риба, Овошје, Крава, Елен, Железо, Алуминиум, Нафта, Шалитра (Saltpeter = Калиум Нитрат), Гума (Rubber).


Како продуктивноста ќе работи за суровините

Ако на пример, една држава има барем 1 регион богат (High) во Жито, сите компании за жито во државата ќе примаат по 25% бонус во продуктивноста. Ако таа држава го загуби тој регион за жито, компаниите нема повеќе да го добиваат тој бонус. Истото правило важи и за компаниите за Железо и Нафта.


Како продуктивноста ќе работи за компаниите на Храна и Оружја

Сите компании за храна ќе добијат 5% бонус за секоја врста од ресурсите за храна што нивната држава ги има во нејзините региони (во Македонија имаме 2 врсти на храна: овошје и крави. тоа значи дека компаниите за храна (леб) ќе добиваат 10% бонус). Ресурсите за храна се: Жито, Риба, Крава, Овошје и Елен. И тоа значи дека ако твојата држава има барем по еден регион од секои од овие ресурси, компаниите за храна во државата ќе произведуваат 25% повеќе.
Се разбира ако твојата држава има само 3 региона со богати ресурси за храна, бонусот за компаниите ќе биде 15%.

Истото важи и за компаниите за оружја. Суровите материјали за оружја се Железо, Алуминиум, Нафта, Шалитра и Гума.


Но што со другите индустрии?

Индустриите за Болници и одбранбените системи ќе бидат отстранети подоцна во играта и компаниите ќе ги добијат потрошените пари за нив.

Компаниите за Билети за преселување, Куќи, Камен и Титаниум - ќе бидат првите компании (и за одредено време единствени компании) што ќе добијат пристап до новите идни нови индустрии. Не се секирајте ќе бидете известени наскоро за деталите за мигрирање на индустриите.


Дали ова дава голема предност на големите држави?

Не баш, затоа што најдобрата стратегија е да се има барем еден регион што е богат во одреден ресурс. Целта е да се поседуваат сите 10 различни ресурси во вашите региони. И новите локации на ресурсите се поставени така што ниту една држава нема во своите оригинални региони повеќе од 5 вида на ресурси. Се разбира помала држава како Сингапур која поседува само 1 регион ќе има само еден ресурс (освен ако не освојат повеќе региона).


Ова звучи доста комплексно. Како ова делува врз мене?

Па ако си обичен двокликаш не треба да се грижиш. Тоа што треба да го знаеш е дека би било супер ако и помогнеш на твојата држава да освои региони што поседуваат различни ресурси. Тоа ќе помогне на економијата на твојата држава.

И кога си газда (менаџер) на компанија тоа е скоро исто. Зависи од индустријата:
- Доколку поседувате компанија за Железо ќе сакате бонус за Железо.
- Доколку поседувате компанија за Жито ќе го сакате бонусот за Жито.
- Доколку поседувате компанија за Храна че сакате што повеќе различни ресурси за храна во вашата држава.
- За оружја ќе сакате суровини за оружја

Политичар/Лидер - епа овде е малце по комплицирано како што вие ќе морате да одлучувате на вашата географска-политичка стратегија зада вашата држава поседува што повеќе различни ресурси. Ние нема да ве научиме како затоа што сме сигурни дека ќе го пронајдете најдобриот начин за да успеете.

http://www.erepublik.com/en/map - Ова е линкот на WORLD MAP одете и видете ги каде се поставени новите ресурси. Се уште индустријата не е префрлена на новиов начин.

Како што ќе можете да видите Македонија има HIGH региони во Алуминиум, Овошје и Крави.
Ова значи дека компаниите за храна (ЛЕБ) ќе добиваат по 10% бонус а на компаниите за КАМЕН им препорачувам да не паничат. Кога ќе дојде време да си ја мигрирате компанијата во друг ресурс, одберете го Алуминиумот и све ќе си остане на исто нема да имате никакви загуби. Профитот ќе си продолжи (доколку го имате 😃).



Please: VOTE + Subscribe😉
Kuukuriku News само за вас 🙂
Commander Tom - Заменик министер за здравство