е-Новинарство(Туторијал)

Day 1,105, 14:38 Published in North Macedonia North Macedonia by Smihajlo
Вовед
Во ова издание би сакал малку да поразговараме за е-Новинарството во нашата прекрасна земја и да се обидеме да го издигнеме на едно повисоко ниво.
Да,како што не е возможно во реалниот живот секој да биде новинар исто така и тука во виртуалниот свет не може секој да биде автор на статија.Иако некои потрошиле Gold за да отворат весници сепак тие не се новинари се додека не се признати како такви.Од мое лично искуство можам да кажам дека за еден новинар се потребни информации и креативноста на човечкиот ум да ги пренесе тие информации до обичниот граѓанин притоа почитувајќи некои основни правила кои секој би требало да ги знае.
Се решив да го напишам овој туторијал со цел да се едуцираат сите што решиле да се занимаваат со оваа дејност во виртуелниот свет со цел да се искоренат сите оние речи ми кажи ми новинари кој ги пишуваат статиите само за да добијат Gold,а воедно и нив да ги едуцираме ако не можат креативно барем формално да го пренесат она што сакаат граѓаните да го знаат.
Главен Дел(Разработка)
1.Теоретски Дел
Содржината на вестa треба да биде непристрасна и потполно базирана на факти. Изворите на информациите треба да бидат јасно наведени и интегрирани во делот на статијата.
Речениците треба да бидат јасни, концизни и формулиран на начин кој е соодветен за публиката.
Исто така треба да се земе во предвид "Пирамида Форматот".Пирамида форматот се користи така што најважните и најударни информации(вести) се пишуваат на почеток се со цел да се привлече вниманието на читателот за тој понатаму да продолжи да ја чита статијата и да ги прочита и оние не толку интересни факти.
Еден од најважните детали кој заборавив да го напоменам сметајќи дека сите го знаат,но сепак се решив да го вклучам е за кого е наменета статијата т.е публиката.Ако новинарот ја познава својата публиката тој многу поефикасно и полесно ке ги пренесе вестите до нив со што ќе ја исполни својата должност до граѓаните.
Кога авторот ке заврши со пишувањето на статијата треба повторно да ја прочита статијата за да ја осигура веродостојноста на информациите и притоа да ги искорени сите граматички и грешки во спелувањето.
Со намера да ги запознаам оние што незнаат една статија исто така би требало да има вовед,главен дел и заклучок иако ова е нешто што и петтооделенец го знае бидејќи се решив да го напишам овој туторијал исто така одлучив да биде сеопфатен па затоа и ги потенцирав во оваа статија ,но секако се подразбира дека не треба да се потенцираат во официјална статија.
Уште еден детал кој вреди да се напомене се фрази на некои познати личности и мислители кои скоро секогаш се интересни за читателот освен ако тотално не соодвествуваат со контекстот на статијата.
2.Практичен Дел
Во овој дел ке опфатам се што можам во врска со техничките детали како што се прикачување на слика или болдиран текст бидејќи најверојатно поради некој баг ,а воедно и бидејќи вградениот уредник е премногу едноставен не е можно со контролите во него да се болдира напишаниот текст.
а)Прикачување на Слика
На почеток треба едноставно да ја прикачите сликата на интернет само пишете
на гугл upload image и ке ви се појават бројни сервиси за прикачување слики.

Потоа со кодот("[img]...[/img]")и линкот на сликата меѓу него ке ја прикажете сликата на вашата статија.
б)Болдирање на текст
Принципот е идентичен едноставнo напишете го кодот(...) и ке го добиете текстот во болд.
Јас сум во болд и имам цел да привлечам внимание.
в)http://wiki.erepublik.com/index.php/Write_article
Ова е линк до страната на еРебулик каде се наведени сите останати кодови потребни за една статија.

Заклучок
Се надевам со ова успеав барем малку да ги едуцирам оние што не биле запознаени досега со оваа дејност ,а навистина се трудат да направат разлика.Исто така испраќам отворен апел до сите квази-новинари да се едуцираат не само за доброто на граѓаните туку и за нивно добро за да не останат цел живот прости или како што кажа еднаш еден мој пријател
"Ако прашаш ке бидеш идиот за две минути,но ако не прашаш ке останеш идиот цел живот."



Симевски Михајло

П.С Ве молам ако ви се допадна да гласате за сите да имаат можност да ја прочитаат и да се избават од простотилакот.
Знаењето е Сила,Знаењето е Моќ